Промовирани огласи »

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година. Се замрзнуваат и цените на млечните производи: трајно кравјо млеко 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт. Цените се намалуваат за десет отсто, а одлуката важи од 17 март - 31 мај 2023 година, рече Ковачевски.

Според него, Владата ќе проодлжи да носи одлуки кои го штитат интерсот и стандардот на граѓаните.

На прес-конференцијата одлуките ќе ги објасни министерот за економија Крешник Бектеши.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Промовирани огласи »

Британските медиуми тестираа десетина електрични возила и открија дека имаат големи отстапувања од декларираните капацитети на батериите на студено време.

Електричните автомобили со целосно наполнета батерија губат и до третина од батеријата на студ, пренесува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на магазинот What Car, кој тестираше десетина електрични возила.

Тајмс пишува дека возилата биле целосно наполнети пред да бидат оставени преку ноќ на температури од нула до два степени. Автомобилите потоа се возеле на полигон на различни патишта и услови за возење додека не застанат.

Списанието откри кои автомобили имаат најголемо несовпаѓање помеѓу рекламираниот опсег и вистинското растојание поминато во студено време. 

Откриено е дека меѓу тестираните возила има и такви кои иако тврдат дека возилот има опсег од 193 милји, сепак запрело по 130 милји во тестирање, или 33 отсто помалку од рекламираното.

Неко од возилата имале отстапување од 32 проценти, а дел од нив помалку. Најмал процент на отстапување е од 16 проценти.

Вил Најтингел, кој го предводеше тестот, рече дека тој е „дизајниран да им даде на купувачите на автомобили најјасно разбирање за тоа колку милји вообичаено ќе можат да поминат во зимски британски услови“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Промовирани огласи »

Од утре поефтини тестенини на рафтовите по маркетите и на млекото и млечните производи. 

Министерот за економија Бектеши најави дека и нивната цена ќе се замрзнува. Најверојатно на листата ќе се најдат и млечните производи, како млекото, урдата и белото сирење.

Бектеши до утре наутро ќе почека да види колку самите производители и увозници ќе ги намалат цените, а потоа со премиерот Ковачевски ќе информираат какви одлуки ќе донесат и кои цени ќе се замрзнат.

Во комуникација сме (со производителите на млечни производи), ги известив дека до утре ќе чекаме нивни одлуки. Во случај ако се примети дека нема намалување ќе донесеме ние како Влада мерка. За тестенините, и со нив сме во комуникација, сами покажаа интерес и таму намалувањето ќе биде многу големо што ќе бидеме поконкурентни во регионот. изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Промовирани огласи »

Компанијата Мета за неколку месеци би можела да се соочи со голема правна одлука, поради која ќе мора да ги затвори социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм во Европа, пренесува Политико.

Ирската комесарка за приватност Хелен Диксон, која ја предводи Ирската комисија за заштита на податоците (DPC), изјави за Политико дека е „многу веројатно“ да се донесе конечна одлука за правната алатка на Фејсбук за испраќање лични податоци во САД. 

Имено Унијата и САД се договорија за нов договор за пренос на податоци, пренесува „Евроњуз“.

Во јули, ирската комисија претстави нацрт-одлука за суспензија на правната алатка на Фејсбук и сега чека одобрување од регулаторите за приватност во другите земји од ЕУ, а документот се очекува да биде усогласен до средината на мај.

Тоа би значело дека американскиот технолошки гигант Мета, кој е сопственик на Facebook, ќе остане без алатки за легален пренос на лични податоци, како што се семејните фотографии и податоците за локацијата, во САД.

Мета во февруари соопшти дека таквата одлука може да доведе до суспензија на нејзините услуги во Европа, вклучувајќи го и Инстаграм.

Доколку Европската комисија не донесе соодветна одлука и ако не можеме да продолжиме да се потпираме на стандардните договорни клаузули или други алтернативни начини за пренос на податоци од Европската унија во САД, можеби нема да можеме да понудиме голем број од нашите најважните производи и услуги, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм во Европа, објави Мета.

Ирската одлука ќе донесе проблеми и на другите компании кои ја користат правната алатка за пренос на податоци во САД.

Мрежата на национални органи за заштита на податоците на ЕУ, Европскиот одбор за заштита на податоците, има рок до 14 април да одлучи дали ќе ја потврди претходната одлука на Ирска да ја суспендира правната алатка што ја користат многу компании за пренос на лични податоци во САД, наречена стандардни договорни клаузули.

Ирскиот регулатор, кој е задолжен за Мета и другите големи технолошки компании со седиште во земјата, потоа ќе има еден месец да донесе конечна одлука.

Во меѓувреме, Европската комисија има за цел да подготви нов договор за пренос на податоци со САД пред јули, откако Европскиот суд на правдата ги поништи двата претходни договори поради стравувањата од американски надзор. Диксон рече дека не планира да се повлече од спроведувањето на законите за заштита на податоците и приватноста на ЕУ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »