Промовирани огласи »

АЛФИ БИ КОМПАНИ е компанија којашто во досегашното постоење успеа да изгради стабилен, функционален процес на работа, да креира коректни односи со своите потрошувачи, непрекинато прави регрутација на нови вработени и го зголемува својот тим се со цел да се продолжи традицијата на успешно работење и одржување на нашата препознатливост и имниџ.

Моментално вработува:

ПЕРСОНАЛ ЗА КАФЕТЕРИЈА (КУМАНОВО)
ПЕРСОНАЛ ЗА КАФЕТЕРИЈА (СКОПЈЕ)
КАСИЕРИ/КИ – СКОПЈЕ

Се уште сте невработени? Останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Дизелот поевтинува за 1,5 денар, а бензините и екстра лесното за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари,  додека ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе се продава за 81 денар,  а ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе има цена од 83 денари. 

Литар масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и залопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,649 денари за килограм и ќе изнесува 38,130 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 проценти во однос на одлуката од 17 месецов.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,541 проценти, кај дизелот за 1,152 проценти, кај екстра лесното масло за 1,318 проценти и кај мазутот има намалување за 2,660 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,077 проценти, информира РКЕ во образложението за одлуката. 

Промовирани огласи »

Скратувањето на работната недела за подобрување на менталното здравје и продуктивноста на вработените може се здобива со популарност на некои места низ светот, но се чини дека барем една земја оди во спротивна насока.

Јужнокорејската влада беше принудена оваа недела да го преиспита зголемувањето на горната граница на работното време на 69 часа неделно, од сегашната граница од 52 часа, што предизвика бурни реакции кај помладите генерации.

Работниците во моќната источноазиска економија веќе се соочуваат со многу долги работни часови - четврти во светот зад Мексико, Костарика и Чиле според ОЕЦД - и се смета дека смртта од прекумерна работа убива многу луѓе секоја година.

Како и да е, владата го поддржа планот за зголемување на границата по притисокот од бизнис секторот за зголемување на продуктивноста - сè додека не се соочи со гласно противење од помладата генерација и синдикатите.

Секретарот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеола во средата изјави дека владата ќе преземе нова насока откако ќе го сослуша јавното мислење и рече дека е посветена на заштита на правата и интересите на работниците.

Подигнувањето на границата се сметаше за начин да се реши недостигот на работна сила со кој се соочува земјата поради намалената стапка на наталитет, која е најниска во светот, и стареењето на населението.

Во 2018 година, на барање на граѓаните, Јужна Кореја го намали лимитот од 68 часа неделно на сегашните 52. Овој потег доби огромна поддршка во Националното собрание во тоа време.

Сегашниот закон ја ограничува работната недела на 40 часа плус до 12 часа платена прекувремена работа - иако во реалноста, велат критичарите, многу работници се под притисок да работат подолго време.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши објави дека утре на владина седница ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на јајцата и на оризот, по примерот на таа за белиот и полубелиот леб кој мора да се продава по 33 денари.

Утре се замрзнува цената на оризот и јајцата согласно цените кои биле претходно во текот на овој месец. Шеќерот и брашното, согласно податоците од Царинската управа, има намалување и трендот на намалување ќе продолжи. Цените таму сами ќе паѓаат, а ако не се направи тоа од трговците, ќе следуваат и за тоа мерки, рече Бектеши.

Министерот рече дека нема да биде откриена максималната цена на оризот и јајцата се до донесувањето на одлуката, бидејќи како што рече, трговците и производителите ќе може да се подготват за злоупотреби. Според Бектеши, мерката не е толку за да се намалат цените на овие производи, туку да се ограничат постоечките да не растат во пресрет на верските празници. Дополнително, ќе се ограничи и извозот, бидејќи има голема попарувачка, особено на македонските јајца во соседството каде што може да се продадат поскапо.

Нема да биде денешната цена, но тоа ќе биде една од цените во текот на месец март, но не сакаме да го кажеме кога, за да не се подготват трговците и производителите, но тоа не значи дека немаме доверба во стопанствениците, но не би сакал да објавувам пред да биде донесена одлуката на Владата. Ќе биде една од цените која била во март, одговори тој на новинарско прашање.

Бектеши на денешната владина прес-конференција објави дека трендот е наскоро со две минимални плати во едно семејство да се покрие минималната синдикална потрошувачка кошничка.

Како што рече министерот, во 2023 реачната минимална потрошувачка кошница е 43.163 денари, а за тоа се потребни 2,1 минимални плати кои опд овој месец изнесуваат по 20.175 денари.

Со бројките што ги гледам за мецес март, јас сум убеден дека ќе ни требат помалку од две минимални плати. Имаме намалување во земјата и во регионот од 4,5 денари на дизелот за една недела и трендот на намалување ќе продолжи оваа недела. Тоа ќе има позитивно влијание во делот на намалување на инфлацијата, што значи цената на дизелот ќе биде под 75 денари, рече Бектеши.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »