Промовирани огласи »

Летното сметање на времето започнува многу наскоро.

Имено последниот викенд од месец март, а тоа е на 26 март во 2:00 часот, во нашата земја ќе започне летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

До крајот на март денот ќе се зголеми, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Промовирани огласи »

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.

Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣ година, потенцира во напишаното Лукаревска.

Промовирани огласи »

Многумина се подготвени да ги направат најлудите работи за популарност на социјалните мрежи, а ова е една од најрадикалните.

„WhistlinDiesel“ е Јутјуб канал специјализиран за разни „акробации“ со автомобили, во кој подебелиот крај редовно го извлекуваат возилата. Основачот на каналот, Коди Детвилер, не се двоуми да уништи автомобили како „Nissan Skyline GT-R“ или нов „Mercedes-AMG G63“. Сега на ред стигнала и една „Tesla“.

Станува збор за „Model 3“, кој Коди и тоа како го „изнамачил“. Поминал низ низа тестови, вклучувајќи возење со блокада на тркалото, го исекол задното седиште со моторна пила и го провозел автомобилот на далечинско низ гаражна врата.

За големото финале, „Tesla Model 3“ добил огромни тркала, поради кои изгледал како модерна интерпретација на кочија. Пред големото финале, Коди го свртел автомобилот наопаку, а на крајот го пуштил низ падина. Секако, возилото било уништено, а авторот во првите 24 часа собрал над 2 милиони прегледи на видеото. Очигледно се исплатело.

Промовирани огласи »

АЛФИ БИ КОМПАНИ е компанија којашто во досегашното постоење успеа да изгради стабилен, функционален процес на работа, да креира коректни односи со своите потрошувачи, непрекинато прави регрутација на нови вработени и го зголемува својот тим се со цел да се продолжи традицијата на успешно работење и одржување на нашата препознатливост и имниџ.

Моментално вработува:

ПЕРСОНАЛ ЗА КАФЕТЕРИЈА (КУМАНОВО)
ПЕРСОНАЛ ЗА КАФЕТЕРИЈА (СКОПЈЕ)
КАСИЕРИ/КИ – СКОПЈЕ

Се уште сте невработени? Останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »