Промовирани огласи »

Од мај повратот на ДДВ ќе биде над 2.000 денари

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на законот.

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.

Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година, потенцира Лукаревска.

Ова го потврди и премиерот Димитар Ковачевски. 

Повеќе пари за граѓаните со зголемениот поврат на ДДВ.Пратениците од мнозинството ги изгласаа законските измени за зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тримесечје. Првите зголемени суми граѓаните кои скенираат сметки преку апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари-март 2023 година, пишува Ковачевски во објава на својот фејсбук профил. 

Промовирани огласи »

Викендов доаѓа летното сметање на времето: Стрелките на часовникот одат еден час нанапред

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Летното сметање на времето започнува многу наскоро.

Имено последниот викенд од месец март, а тоа е на 26 март во 2:00 часот, во нашата земја ќе започне летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

До крајот на март денот ќе се зголеми, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Промовирани огласи »

Лукаревска: Од мај поврат на ДДВ од 2.100 денари - пратениците дадоа зелено светло

Првите зголемени суми, корисниците на „МојДДВ“ ќе ги добијат со исплатите во мај

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.

Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣ година, потенцира во напишаното Лукаревска.

Промовирани огласи »

Видео: Се за слава: Познат „јутјубер“ има нова автомобилска лудост!

Некои луѓе се подготвени да ги направат најлудите и најчудните работи за што повеќе прегледи на YouTube

Многумина се подготвени да ги направат најлудите работи за популарност на социјалните мрежи, а ова е една од најрадикалните.

„WhistlinDiesel“ е Јутјуб канал специјализиран за разни „акробации“ со автомобили, во кој подебелиот крај редовно го извлекуваат возилата. Основачот на каналот, Коди Детвилер, не се двоуми да уништи автомобили како „Nissan Skyline GT-R“ или нов „Mercedes-AMG G63“. Сега на ред стигнала и една „Tesla“.

Станува збор за „Model 3“, кој Коди и тоа како го „изнамачил“. Поминал низ низа тестови, вклучувајќи возење со блокада на тркалото, го исекол задното седиште со моторна пила и го провозел автомобилот на далечинско низ гаражна врата.

За големото финале, „Tesla Model 3“ добил огромни тркала, поради кои изгледал како модерна интерпретација на кочија. Пред големото финале, Коди го свртел автомобилот наопаку, а на крајот го пуштил низ падина. Секако, возилото било уништено, а авторот во првите 24 часа собрал над 2 милиони прегледи на видеото. Очигледно се исплатело.

Видео: Се за слава: Познат „јутјубер“ има нова автомобилска лудост!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »