Промовирани огласи »

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден до 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,5 денари за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,5 денари за литар. Така  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 73, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72, ЕУРОСУПЕР БС – 95 за 82, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 84,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 37,628 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,09 отсто, кај дизелот има намалување за 1,04  отсто, кај екстра лесното масло за 1,718 отсто, а кај мазутот има зголемување за 3,306 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 1,028 отсто.

Промовирани огласи »

Tвитер изгуби повеќе од половина од својата вредност во претходните шест месеци, односно откако Маск ја презеде сопственоста на компанијата. Маск во допис до вработените предложи дека Tвитер сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, што е значително помалку од 44 милијарди долари колку што Маск плати за купување на Tвитер во октомври минатата година, пишува „Гардијан“.

Големата девалвација на вредноста на компанијата следеше по турбулентното преземање на Маск. Неколку големи огласувачи ја напуштија платформата, а главниот извор на средства за купување на компанијата од страна на Маск, инвестициската компанија „Фиделити“ ја намали вредноста на својот удел за 56 отсто.

Маск во дописот исто така истакна како компанијата била само четири месеци од тоа да остане без пари, пред да им подели серија отпуштања на високо позиционирани вработени. Според бројките што ги претстави Маск во декември, бројот на вработени е намален од околу 7.500 на околу 2.000 вработени.

Гледам јасен, но тежок пат до проценување (на вредноста) на повеќе од 250 милијарди долари, рече Маск, што би значело десеткратно зголемување на вредноста на акциите.

Промовирани огласи »

Главниот уредник на „Издаваштво“ - списание за промоција на издавачката дејност во Република Македонија, како и Програмски раководител во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, на својот Фејсбук профил, предложи стрелките на часовниот да се поместуваат само половина час.

Промовирани огласи »

Последниот извештај на Евростат покажува дека Луксембуржаните и понатаму се најбогатите граѓани на Европската унија. Нивната куповна моќ е 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ.

Во споредба со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург.

Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот од Луксембург, според Евростат.

Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ. Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија.

Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »