Промовирани огласи »

Овој април имаме два продолжени викенди.

Имено, согласно Законот за празници во април неработни денови за сите граѓани се:

  • 17 април (понеделник), вториот ден од Велигден според православниот календар
  • 21 април (петок), првиот ден од Рамазан Бајрам
  • За граѓаните од православна вероисповед неработен е 14.април кога се одбележува Велики петок, ден пред Велигден. 
  • Тоа значи дека верниците од православна вероисповед ќе имаат четири слободни дена за Велигден. 
  • Првиот ден од месец мај (понеделник) кога се одбележува Денот на трудот, исто така, е неработен ден за сите граѓани. 

Промовирани огласи »

Владата денеска ја донесе Одлуката со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, ќе важи од 5 април до крајот на месецов.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, свежите домати ќе чинат максимум 70 денари, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, пиперот 90, гравот 75, леќата 110, бананите 70, портокалите 55, мандарините 60 и лимонот  55 денари.

Ги уверувам граѓаните дека согласно сите анализи, цените, посебно на прехранбените производи и енергенсите, целосно се стабилизирани и имаат надолен тренд, на намалување, истакна Бектеши.

Сепак, рече, ќе се причекаат официајлните податоци од Државниот завод за статистика кои треба да се објават на 7 април.

Министерот ги повика трговците да ја почитуваат Одлуката. Анализите покажале, напомена министерот, дека за овие производи имало големи маржи кои во март достигнале дури 200 - 250 отсто.

На прес-конференцијата во Владата се очекува да се обрати и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.  

Промовирани огласи »

Од вчера прехрамбените компании во земјата произведуваат без субвенционирана електрична енергија на слободниот пазар од 80 евра по мегаватчас.

Бидејќи поголемиот дел од нив не ги намалија цените на производите, државата одлучи да ги раскине договорите за евтина струја со нив, а паралелно донесе одлуки за замрзнување на цените на некои од нив.

Оваа субвенционирана струја од минатата година околу 400 прехрамбени компании ја добиваа од ЕСМ 

Од Владата претходно информираа дека нема да има последици, односно одговорност, за ваквото повлекување на мерката која се финансираше од буџетот, бидејќи неиспочитуваниот договор бил џентламенски со коморите.

Промовирани огласи »

Министерството за економија соопшти дека утре ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, при тоа откривајќи дека се работи за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон.

Анализите на податоците за овие производи се завршени, а минситерот за економија Крешник Бектеши најави дека листата може да биде проширена.

Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи! Се грижиме ЗАЕДНО!, објави министерот за економија Крешник Бектеши.
Останува утре да се види која ќе биде максималната цена за овие производи и од кога ќе започне да важи одлуката.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »