Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60 % во однос на одлуката од 3.4.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,374 %, кај дизелот за 1,841%, кај екстра лесното масло за 2,126% и кај мазутот има зголемување за 4,610%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,530%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,183 ден/кг и сега ќе изнесува 40,574 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од 7.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 40,574 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.