Финска нуди патување на кое ќе ги учат луѓето да бидат среќни.
Четиридневниот „семинар за среќа“ годинава првпат ќе се одржи во Финска. Финкса ќе обезбеди сместување за десет лица во луксузниот ресорт Куру, потполно бесплатно, како и авионски карти, семинари и оброци. „Visit Finland“ ќе ги покрие трошоците.
Финска нуди четиридневен курс за среќа кој почнува на 12 јуни во луксузното одморалиште Куру, потполно бесплатен за десет луѓе. Учесниците ќе престојуваат во вили опкружени со борови шуми и живописен поглед, секоја со сопствен приватен спа и сауна.
Извештаите на Обединетите нации, покажуваат дека Финска е на првото место на листата на најсреќни земји во 2023 година. Оваа земја вложува многу труд во менталното и физичкото здравје на својот народ, а оваа година решија да го споделат својот рецепт за среќа со другите народи.
Македонија е една од земјите со најнесреќен народ во Европа, според податоци од повеќе истражувања. Несреќни се и Украинците, Турците, Авганистанците.