Промовирани огласи »

На ден 08.04.2023 година во зоолошката градина во Скопје KARIERA.mk го организираше настанот „Активности со Колибровци“ настан за најмладите!

Додека најмалечките заедно со FUNIMATIONS пееја, танцуваа, се забавуваа и ја пополнуваа боенката на слатките Колибровци, родителите имаа можност да дознаат повеќе за MojaKARIERA картичката - новиот продукт на KARIERA.mk за олеснување на процесот на вработување.

Следете нѐ за да дознаете за нашите следни активности и работилници!

Во прилог погледнете дел од атмосферата:

Промовирани огласи »

Финска нуди патување на кое ќе ги учат луѓето да бидат среќни. 

Четиридневниот „семинар за среќа“ годинава првпат ќе се одржи во Финска. Финкса ќе обезбеди сместување за десет лица во луксузниот ресорт Куру, потполно бесплатно, како и авионски карти, семинари и оброци. „Visit Finland“ ќе ги покрие трошоците.

Финска нуди четиридневен курс за среќа кој почнува на 12 јуни во луксузното одморалиште Куру, потполно бесплатен за десет луѓе. Учесниците ќе престојуваат во вили опкружени со борови шуми и живописен поглед, секоја со сопствен приватен спа и сауна.

Извештаите на Обединетите нации, покажуваат дека Финска е на првото место на листата на најсреќни земји во 2023 година. Оваа земја вложува многу труд во менталното и физичкото здравје на својот народ, а оваа година решија да го споделат својот рецепт за среќа со другите народи.

Македонија е една од земјите со најнесреќен народ во Европа, според податоци од повеќе истражувања. Несреќни се и Украинците, Турците, Авганистанците. 

Промовирани огласи »

Магазинот „Форбс“ објави кој е најбогат човек на светот, а по него на второто место е Илон Маск. 

Французинот Бернар Арно е најбогат човек на планетата.  Богатството на Арно се проценува на околу 228 милијарди долари. На второ место е сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Твитер“ Илон Маск. Трет на листата е сопственикот на компанијата „Амазон“ Џеф Безос, сопственикот на софтверската компанија „Оракл“, Лари Елисон и сопственикот на Мајкрософт Бил Гејтс. Богатството на Маск „тежи 192 милијарди, а на Безос на 125 милијарди долари.

Во првите 10 се и Ворен Бафет, Мајкл Блумберг, Карлос Слим Хену, Франсоа Бетенкур и Стив Балмер. Инаку, листата постојано се ажурира. Маск  беше на првото место до септември 2021 година. Поради пандемијата на коронавирусот, имаше промени во финансиската состојба на многу од милијардерите. 

Промовирани огласи »

Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Според пресметките на синдикатот, 19.263 денари биле потребни за храна, а 13.417 денари за подмирување на режиските месечни трошоци. За превоз минимум биле потребни 3.679 денари, а за хигиени потреби 3.186 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »