Промовирани огласи »

Регистерската табличка е продадена за 55 милиони дирхами (15 милиони долари) на хуманитарна аукција во Дубаи, цена за која организаторите на аукцијата Емирати велат дека е светски рекорд.

Плочата, на која пишува само „P7“, го собори претходниот рекорд кој го држеше Саид Абдул Гафар Кури, кој ја купи регистарската табличка за 52,2 милиони дирхами (14,2 милиони долари) во февруари 2008 година на аукција организирана од истата компанија.

Си-Ен-Ен соопшти дека се обратиле до Гинисовата книга на рекорди за да го потврдат новиот рекорд, но веднаш не добиле одговор.

Приходите од продажбата ќе бидат донирани за хуманитарната кампања „Една милијарда оброци“ предводена од шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи и премиер на ОАЕ, за помош на ранливите заедници ширум светот за време на светиот месец Рамазан.

Регистерските таблички беа продадени и за 2.950.000 дирхами (800.000 долари) и 140.000 дирхами (38.000 долари) на аукцијата одржана во хотелот Four Seasons Jumeirah.

Вкупно, на аукцијата беа собрани повеќе од 71 милион дирхами (19,3 милиони долари).

Промовирани огласи »

Возилата од јавниот превоз денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во пресрет на христијанскиот празник Велигден, в сабота, недела и понеделник автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено в сабота, а другите денови - петок, недела и понеделник ќе бидат неработни за сите продажни места.

Жичарницата за време на велигденските празници ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот. Нема да работи во вторник, 18 април. 

Автобуските линии 25 - Транспортен центар - Средно Водно, 25А - Автомакедонија - Средно Водно и 25Б - Дом на печат - Средно Водно ќе сообраќаат по неделен возен ред.  

Промовирани огласи »

За православните христијани денеска е Велики петок, кој уште го нарекуваат и Распет петок зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост односно целосно воздржување од храна и пиење во знак на таговно сеќавање на настаните од она време.

На Велики петок во сите храмови ќе се изнесе на поколение плаштеницата (покровот) што го симболизира симнувањето од крстот на телото Господово. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата или дванаесет евангелија од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона/клепала, а камбаните не ѕвонат до недела, кога првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.

Промовирани огласи »

На топ-листата на 25 најубави градови во светот, се најдоа и два града од Балканот. 

Американскиот портал „Травел + лејжр“ (Travel + Leisure) објави топ-листа на 25 најубави градови во светот. Хрватскиот град Дубровник се најде на 18. место.

Како што пишува изданието, посетителите во Дубровник можат да видат средновековна архитектура во сочувана состојба, вклучувајќи тука и готско-ренесансно наследство, палати и дебели камени ѕидови. Пишува дека ова е еден од најдобро сочуваните средновековни утврдувања на глобално ниво. На топ-листата се наоѓа и Истанбул, кој е рангиран на четвртото место.

Во првите 10 градови, покрај Истанбул, се Сиднеј (Австралија), Барселона (Шпанија), Квинстаун (Нов Зеланд), Париз (Франција), Сан Франциско (Калифорнија), Палермо (Италија), Кејп Таун (Јужна Африка) , Сеул (Јужна Кореја) и Картагена (Колумбија).

На списокот натаму следат и Кјото (Јапонија), Рио де Жанеиро (Бразил), Тбилиси (Грузија), Рим (Италија), Хој Ан (Виетнам), Лондон (Англија), Буенос Ариес (Аргентина), Седина (Аризона, САД), Шафшауан (Мароко), Тајпеј (Тајван), Единбург (Шкотска), Сан Мигел де Аљенде (Мексико), Сингапур и Њујорк (САД).

Хрватските градови како Дубровник и Сплит претходно беа рангирани на повеќе листи како места кои треба да се посетат. 

foto freepik.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »