На топ-листата на 25 најубави градови во светот, се најдоа и два града од Балканот.
Американскиот портал „Травел + лејжр“ (Travel + Leisure) објави топ-листа на 25 најубави градови во светот. Хрватскиот град Дубровник се најде на 18. место.
Како што пишува изданието, посетителите во Дубровник можат да видат средновековна архитектура во сочувана состојба, вклучувајќи тука и готско-ренесансно наследство, палати и дебели камени ѕидови. Пишува дека ова е еден од најдобро сочуваните средновековни утврдувања на глобално ниво. На топ-листата се наоѓа и Истанбул, кој е рангиран на четвртото место.
Во првите 10 градови, покрај Истанбул, се Сиднеј (Австралија), Барселона (Шпанија), Квинстаун (Нов Зеланд), Париз (Франција), Сан Франциско (Калифорнија), Палермо (Италија), Кејп Таун (Јужна Африка) , Сеул (Јужна Кореја) и Картагена (Колумбија).
На списокот натаму следат и Кјото (Јапонија), Рио де Жанеиро (Бразил), Тбилиси (Грузија), Рим (Италија), Хој Ан (Виетнам), Лондон (Англија), Буенос Ариес (Аргентина), Седина (Аризона, САД), Шафшауан (Мароко), Тајпеј (Тајван), Единбург (Шкотска), Сан Мигел де Аљенде (Мексико), Сингапур и Њујорк (САД).
Хрватските градови како Дубровник и Сплит претходно беа рангирани на повеќе листи како места кои треба да се посетат.
foto freepik.com