Владата одобри субвенции за нискобуџетни авиолетови за германската авиокоманија „Луфтханза“ и „Визер“ како резултат на претходно објавениот повик од Министерството за транспорт и врски.
Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје. Сумата која може да се исцрпи оваа година е 1,1 милион евра.
„Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија - од Скопје до Франкфурт, а „Виз Ер“ четири, - од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцбург и до Љубљана, како критериум за исполнување на условот за субвенционирање.
„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април десет пати неделно, а „Виз Ер“ за новите четири дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.
Со „Луфтханза“ преку Франкфурт се поврзуваме со повеќе од 200 дестинации. Преку субвенцонирање на авиолинии овозможуваме раст на економијата и на авиосообраќајот, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.
Бочварски потенцираше дека се воведени нови дестинации за кои имало голем интерс од граѓаните и дека има дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината со цел да се привлечат нови дестинации, најави Бочварски.