Промовирани огласи »

Оваа седмица според календарот, ќе работиме само три дена, па повторно имаме продолжен викенд.

Во овој месец неработен за сите граѓани е 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам, а истиот се паѓа во петок.

Веднаш следната недела, на почетокот на мај имаме продолжен викенд. Први Мај се паѓа во понеделник, што значи дека повторно ќе имаме продолжен викенд. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално врабтува:

FIELD SALES AGENT
NEW BUSINESS DEVELOPMENT INTERN
TECHNICAL SUPPORT AGENT
SALES ADVISOR – СТРУМИЦА
IT INTERN
SAP/IVALUA SPECIALIST (PROCUREMENT – SUPPLY CHAIN MANAGEMENT)
RESIDENTIAL CRVM MARKETING SPECIALIST

Грант Тортон Консалтинг е мрежа на независни фирми за осигурување, даночни и советодавни фирми, составена од 56.000 луѓе во 140 земји. Повеќе од 100 години им помагавме на динамичните организации да ги реализираат своите стратешки амбиции.

Моментално вработува:

ДАНОЧЕН СОВЕТНИК
СМЕТКОВОДИТЕЛ

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот.

Моментално вработува:

ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.

Моментално вработува:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ – КАВАДАРЦИ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ ВЕРО ЏАМБО
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ РАМСТОР

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
HR BUSINESS PARTNER
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОСНОВНИ СРЕДСТВА

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

МИКРОДИСТРИБУТЕР – СТРУМИЦА
МИКРОДИСТРИБУТЕР – СКОПЈЕ

Радек е реномирана компанија која нуди висококвалитетени машини за обработка на дрво, метал, алуминиум и пластика.

Моментално вработува:

МЕХАТРОНИЧАР - СЕРВИСЕР НА ИНДУСТРИСКИ МАШИНИ

Групата АСУРА е најголемиот независен давател на решенија за управување, логистика и работа.

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕНА ВО ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА

Фешн Груп повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други.

Моментално вработува:

ИТ АДМИНИСТРАТОР

Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Додека повеќето од нас ја знаат важноста да се грижиме за нашето ментално здравје, ова може да стане потешко во работните средини каде што често има многу одолговлекувања. Во канцеларии  каде се работи со полна пареа или други работни простори, давањето приоритет на нашето ментално здравје може да се најде на задното место додека се фокусираме на роковите на клиентите, комуникацијата со колегите, напредувањето во кариерата и многу други елементи. Сепак, и покрај одвлекувањето на вниманието, постојат работи што можете да ги направите да се осигурате дека вашето ментално здравје не се намалува додека работите.

Во продолжение неколку начини како да најдте баланс помеѓу работата и вашето ментално здравје:

  • Поврзете се со природата колку што можете.
  • Разговарајте со вашиот менаџер или колеги.
  • Размислете за промена на вашата работна шема.
  • Погрижете се да останете активни. 
  • Побарајте помош.
  • Правете редовни паузи колку што е можно.

Бидете упорни и дисциплинирани доколку сакате да бидете попродуктивни како на вашето работно место така и во вашиот приватен живот. Работете на себе и одржувајте го балансот на вашето ментално здравје.

Промовирани огласи »

Регистерската табличка е продадена за 55 милиони дирхами (15 милиони долари) на хуманитарна аукција во Дубаи, цена за која организаторите на аукцијата Емирати велат дека е светски рекорд.

Плочата, на која пишува само „P7“, го собори претходниот рекорд кој го држеше Саид Абдул Гафар Кури, кој ја купи регистарската табличка за 52,2 милиони дирхами (14,2 милиони долари) во февруари 2008 година на аукција организирана од истата компанија.

Си-Ен-Ен соопшти дека се обратиле до Гинисовата книга на рекорди за да го потврдат новиот рекорд, но веднаш не добиле одговор.

Приходите од продажбата ќе бидат донирани за хуманитарната кампања „Една милијарда оброци“ предводена од шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи и премиер на ОАЕ, за помош на ранливите заедници ширум светот за време на светиот месец Рамазан.

Регистерските таблички беа продадени и за 2.950.000 дирхами (800.000 долари) и 140.000 дирхами (38.000 долари) на аукцијата одржана во хотелот Four Seasons Jumeirah.

Вкупно, на аукцијата беа собрани повеќе од 71 милион дирхами (19,3 милиони долари).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »