HR Business Partner

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Развој, имплементација, координација и контрола на програми за системи за наградување, оценка на перформанси, организациски развој и комуникација со вработени;
  • Развивање на развојни и мотивациски програми за вработените(модели на мотивација и наградување);
  • Работење во тесна соработка со менаџментот кон креирање на стратегија и планови за оптимизација и развој на човечки ресурси;
  • Менаџирање на промени и акциски планови за имплементација на истите
  • Подготовка и имплементација на проектот за надградба на софтверско решение за талент и за перформанс менаџмент, како и Learning Management System,
  • Унапредување на процесот на проценка на изведба на вработените;
  • Носител на процесот за буџетирање (развој, обуки, проекти, технолошка поддршка и сл.)
  • Импут и носител на развојот на моделот „Човечки ресурси како бизнис–партнер“
  • Евалуации на компетенции и човечки потенцијал во организацијата;
  • Евалуација на организациска култура и планови за унапредување на истата.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС(предност општествени науки, психологија, менаџмент, бизнис администрација);
  • Искуство во менаџирање на промени;
  • Искуство во процеси поврзани со организациската култура;
  • Искуство во организациски развој и процеси на промени;
  • Искуство со сите фази на циклусот на човечки ресурси(планирање на работни места, регрутација и селекција, ориентација, обука и развој, системи за наградување, оценка на перформанси);
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик;
  • Вештини и знаења за работа со компјутерски апликации(Windows, MS Office).

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака HR Business Partner на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »