Промовирани огласи »

Сиромаштијата и секојдневниот недостаток на пари ги принудија луѓето да се справат на различни начини. На социјалните мрежи можете да најдете голем број на трикови како да заштедите пари за „не дај Боже!“ .

Овие системи за штедење, познати како две или три коверти, се многу ефикасни, а неодамна се појави и сосема нов - заштеда со помош на три кутии. Тој систем подразбира оставање „sic“ на страна секој ден, за да се извлече кец од ракав во моментот на ненадејни трошоци. Ваквиот начин на заштеда го олеснува ударот врз буџетот, кога, на пример, е потребна регистрација на автомобил, дополнителни пари за одмор или купување на неопходен апарат за домаќинство.

Совет е кога доспева платата веднаш да купите евра.

Во една кутија ставаме евра. Секој месец кога доспева исплатата купуваме по 5 евра, па веднаш земаме 300 денари од платата. Оние кои немаат висока плата, реално не можат ни да купат повеќе.

Секој ден во втората кутија ставаме по 50 или 100 денари, кои реално би ги потрошиле за чоколадо или кафе на работа.

Во третата кутија ги ставаме парите што ни останале од кусур. Станува збор за монети од 1, 2, 5 или 10 денари, генерално ситни пари, кои секојдневно ги имаме во џебот или паричникот.

Секоја година на овој начин можете да заштедите најмалку 500 евра и секако е убаво чувството да знаете дека имате некои пари „бонус“ со вас.

Промовирани огласи »

Со одлука на Регулаторната комисијата за енергетика, од полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/литар. 

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/литар.

Малопродажната цена Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,028 ден/кг.

Од 25.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)

Промовирани огласи »

Вработените во Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, побараа од извршниот директор Марк Закерберг да објасни зошто директорите на компанијата добивале бонуси во време кога илјадници нивни колеги ги губат своите работни места.

Зошто целиот тим на директори доби бонуси и добри оценки, кога тие беа одговорни и за изборите што доведоа до потреба да се отпуштат 20 отсто од работниците - праша еден од вработените.

Каде е економската логика, се запраша.

Закерберг, наводно, одговорил дека е задоволен од тоа како извршните директори го направиле својот дел и како тие се прилагодиле на промените. Тој посочи дека минатата недела биле отпуштени 4.000 работници.

Во средината на март пишувавме дека Мета најави уште 10.000 отпуштања, по 11.000 во ноември. Со тоа империјата на Марк Цукерберг ги „демантираше“ тврдењата дека технолошките компании се имуни на отпуштања и пресврти во Силиконската долина.

Портпаролот на Мета потврди за CNN дека некои претходно најавени отпуштања се случиле во средата, на 19 април, и укажа на најавата на извршниот директор Марк Закерберг во март дека компанијата ќе укине уште 10.000 работни места во наредните месеци.

Закерберг претходно зборуваше за некои промени во компанијата и реструктуирање во технолошките одделенија на Мета, а меѓу вработените погодени од отпуштањата во април се членови на тимовите за одржливост, благосостојба, корисничко искуство, храна и пораки - судејќи според јавните објави на LinkedIn .

Мета наводно им рекол на вработените во Северна Америка да работат од дома на 19 април, очекувајќи отпуштања. Членовите на тимот за регрутирање на Мета беа известени за дополнителните отпуштања минатиот месец, а кратењето на деловните групи на компанијата се очекува да се случи на крајот на мај.

Промовирани огласи »

Инфраструктурата на националната Пошта ќе се користи за да се обезбедат услуги од администрацијата за граѓаните на 333 локации во државата. Сегашната „Една точка за услуги“ што функционира само на пет локации (Скопје, Куманово, Битола, Охрид и Тетово) ќе се прошири низ целата држава, со користење на просторните и кадровските капацитети на Поштата. За шест месеци се планира во подружниците на Пошта веќе да има налепница со информација за граѓаните дека им се на располагање услуги од администрацијата.

 „Една точка за услуги“ реално опслужуваат многу малку процеси. Направивме анализа. Заедно со АД Пошта на 333 места на ниво на државава ќе ги отвориме овие точки во кои нема да креираме нова инфраструктура, туку инфраструктурата на Пошта, и човечка и физичка. Таму ќе бидат опслужени сите граѓани на ниво на земјава со услугите што им се нудат, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. 

Сега, појасни министерот, се трошат многу ресурси за постојните пет точки, плаќање за кирија, струја, вработени.. Тие ќе се затворат и сите такви места ќе функционираат во рамки на Пошта.

Решението е да се отворат 333 точки без да инвестира многу. Направивме работна група со АД Пошта на РСМ за брзо да се воспостават тие точки. Веќе работиме на тоа. Пошта има канцеларии во секој дел на државата, имаат вработени и добра интернет конекција, но немаат добро обучен кадар за да ги нудат сите услуги „Една точка за услуги“  и шалтер на кој ќе пишува ЕТУ. Со мала  инвестиција со еден чекор ќе се доближиме до секој граѓанин за да може да има пристап до сите услуги, вели Алиу.

Во тек се анализи за потребните промени на законските решенија, бидејќи сегашниот закон пропишува пристап до „Една точка за услуги“ (ЕТУ) да имаат само вработените во МИОА. Во законот ќе се дополни дека таков пристап ќе имаат и вработени во АД Пошта на РСМ. 

Овој проект, според министерот, ќе помогне финансиски на АД Пошта на РСМ, која кубури со финансии. - Имаме вин-вин ситуација, доближување до сите сервиси за граѓаните со многу малку пари за обука на вработените и налепници со информација дека се нуди таква услуга. Ќе ги обучиме вработените во АД Пошта, посочува Алиу. 

На првиот брифинг со медиумите од назначувањето на функцијата, Алиу најави дека приоритет во работата ќе му биде дигитализацијата на услугите која, како што оцени, е на ниско ниво.

Се работи интензивно за да може секој ден да ставиме по една нова дигитална услуга. Моментално работиме на 150 такви и се надевам дека набрзо ќе почнеме да ги промовираме, рече Алиу, потенцирајќи дека една од причините зошто тие услуги не се искористени е неинформираноста на граѓаните. 

Сегашните 96 дигитални услуги се користат многу малку, а според Алиу, администрацијата не  е обучена доволно за дигитализацијата. 

Со дигитализацијата ќе ги подобриме услугите кон граѓаните и ќе ја намалиме ниската корупција со којашто денес граѓаните или треба да имаат некој познат или да се снајдат на друг начин во којшто ќе стигнат брзо и ефикасно до документот што им треба, изјави Алиу. 

Приоритет му е и интероперабилноста, со која сега се опфатени само 22 од вкупно 1135 институции на ниво на државава. 

Ако влезат уште 10 тоа ќе биде плус, дигитализацијата на процесите ниту почнала ниту ќе заврши со мене, односно ќе биде процес во којшто ќе треба да се вложи многу, посочува Алиу. 

Коментирајќи ги проблемите со кои се соочуваат граѓаните за користење и на сегашните дигитални можности, како што се честите падови на системите, Алиу потсети дека  со програмата што ја најави неодамна МИОА „Дигитална ера“ ќе се формира агенција за дигитализација којашто ќе ги решава  проблеми, со посебен фокус на кибер безбедноста со што ќе биде чадор за заштита на сите институции. За да може да ги примени политиките за дигитализацијата со неа нема да раководи МИОА, туку Кабинетот на премиерот за да се исклучи ризикот од одбивање на политиките што ќе се бара да се применат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »