Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2023 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 мај 2023 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • 04.05.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 05.05.2023– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Промовирани огласи »

Низ патарините на коридорите 8 и 10 лани транзитирале 52 милиони возила при што е остварен вкупен приход од 53.242.070 евра што претставува зголемување за 15 проценти. Граѓаните се уште го преферираат плаќањето во готово со нешто над 55 проценти, но во подем е и електронската наплата која учествува со околу 30 проценти во вкупната наплата, а безготовинското плаќање со платежни картички околу 15 проценти. 

Од Јавното претпријатие за државни патишта, кое денеска одбележува 36 години постоење на патарините во земјава, велат дека наплатната служба веќе не е синоним за полнење на негативни содржини на насловните страници, туку има имиџ на сериозна служба која 24/7 е во функција на патникот, а вработените се секогаш на ниво на задачата.

Споредбено по години бројките се движеле во нагорна линија, па така во 2019 година остварен е вкупен промет од 43.607.588 евра, во 2020 година, во услови на пандемија и намален сообраќај забележавме промет од 34.029.562 евра, во 2021 година, од 46.401.122 евра. И оваа 2023 година проекциите се движат во нагорна линија и очекуваме приход од околу 56 милиони евра, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Тој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со заменик-директорот на ЈПДП Благојче Трпевски извршија увид во работењето на наплатната служба на наплатната станица Петровец каде што се наоѓа и Оперативниот центар преку кој се мониторира работењето на сите наплатни станици. 

Ова значи добивка не само за ЈПДП туку добивка и за граѓаните и државата бидејќи сите овие средства се инвестираат во нови патишта, во рехабилитација на постојните и одржување на сите регионални патни правци, изјави министерот Бочварски.

Во јули 2019 година почна да функционира и електронската наплата на патарините која, според податоците од ЈПДП, бележи постојан раст како во продажбата на електронски уреди, така и во надополнувањето. Така, од 2019 година до сега, продадени се вкупно 146.492 М-Смарт картички и М-Таг во количина од 18.477 уреди и направени се вкупно 892.673 поединечни надополнувања на електронски уреди. 

Првите три патарини во државата беа отворени во 1987 година кога првиот билет го издаде вработениот инкасант Никола Станоев, кој 36 години подоцна сеуште е дел од тимот на наплатната станица Градско. Оттогаш отворени се 14 наплатни станици на коридорите 8 и 10.

Промовирани огласи »

На пазарот на недвижности конечно долгоочекуваните информации. Стабилизацијата е извесна веќе некое време, а сега се бележи и намалување на цената на квадратот во Србија. Точно е дека тоа не се случува во сите општини и места, но факт е дека има ситуација каква што не е видена во Србија неколку години.

А сето тоа го покажуваат официјалните податоци, најнови за април. Накратко, во многу општини низ Србија падна цената на метар квадратен, а овој тренд не беше исклучок и во Белград.

Според податоците на веб-страницата Некретнине.рс, најголем пад на цената е забележан во една белградска општина и тоа за 15,58 отсто. И во Нови Сад е видлив пад, во одредени општини и во неколку области. Цените во Панчево и Крагуевац останаа на исто ниво, додека во Ниш е забележан и раст и пад.

Белград

Падот на цените во Белград можеби е најдобрата вест за многумина, со оглед на исклучителната фреквенција на овој пазар. Најголем пад на цената на метар квадратен е забележан во општина Палилула - дури 15,58. Во април просечната цена на квадрат во Палилула била 2.492 евра.

Пад има и во Мириево, општина која во последните години бележи зголемена побарувачка и зголемување на квадратурата. Во април цената за квадрат овде изнесува 1.851 евро, што е минус од 0,32 отсто во однос на март.

Пад има и во центарот на Белград, за 1,44 отсто на просечна цена од 3.348 евра за метар квадратен.

Според априлскиот извештај, најголемо поскапување на квадратите во Белград е забележано во општина Врачар, каде што цената се зголемила за 2,1 отсто. Во просек, квадрат овде во април чинел 3.250 евра.

На второ место по раст на цените е општина Вождовац каде е забележан раст од 2 отсто, а цената изнесува 2.462 евра за метар квадратен.

За многумина, очекувано, со оглед на популарноста, има раст во општина Нови Белград. Цената на квадрат во Нов Белград во април изнесувала 2.770 евра за метар квадратен, што е зголемување за 0,04 отсто во однос на претходниот месец.

Растот на квадрати во Нови Сад е забележан само во центарот, цената порасна за 0,11 отсто и изнесува 2.682 евра. Во Ново Насеље метар квадратен поевтинува за 1,48 отсто и изнесува 2.131 евро, додека во Подбара цената е 2.606 евра, што претставува пад на цената на метар квадратен за 1,73 отсто. Во Грбавица има и пад на цената за метар квадратен за 1,46 отсто, цената е 2.624 евра за метар квадратен.

Повеќе детали на Блиц.рс

Промовирани огласи »

Добра вест за граѓаните. Граѓаните досега користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден, но сега има најави дека и денски ќе има евтина струја во период од неколку часа. 

До почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа. Цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден, вели Марко Бислимоски претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Од РКЕ велат дека за прв пат по подолго време на берзите е забележана негативна дневна цена на електричната енергија.

Евтината тарифа на струјата преку ден беше укината во јануари лани поради енергетската криза .

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »