Промовирани огласи »

На пазарот на недвижности конечно долгоочекуваните информации. Стабилизацијата е извесна веќе некое време, а сега се бележи и намалување на цената на квадратот во Србија. Точно е дека тоа не се случува во сите општини и места, но факт е дека има ситуација каква што не е видена во Србија неколку години.

А сето тоа го покажуваат официјалните податоци, најнови за април. Накратко, во многу општини низ Србија падна цената на метар квадратен, а овој тренд не беше исклучок и во Белград.

Според податоците на веб-страницата Некретнине.рс, најголем пад на цената е забележан во една белградска општина и тоа за 15,58 отсто. И во Нови Сад е видлив пад, во одредени општини и во неколку области. Цените во Панчево и Крагуевац останаа на исто ниво, додека во Ниш е забележан и раст и пад.

Белград

Падот на цените во Белград можеби е најдобрата вест за многумина, со оглед на исклучителната фреквенција на овој пазар. Најголем пад на цената на метар квадратен е забележан во општина Палилула - дури 15,58. Во април просечната цена на квадрат во Палилула била 2.492 евра.

Пад има и во Мириево, општина која во последните години бележи зголемена побарувачка и зголемување на квадратурата. Во април цената за квадрат овде изнесува 1.851 евро, што е минус од 0,32 отсто во однос на март.

Пад има и во центарот на Белград, за 1,44 отсто на просечна цена од 3.348 евра за метар квадратен.

Според априлскиот извештај, најголемо поскапување на квадратите во Белград е забележано во општина Врачар, каде што цената се зголемила за 2,1 отсто. Во просек, квадрат овде во април чинел 3.250 евра.

На второ место по раст на цените е општина Вождовац каде е забележан раст од 2 отсто, а цената изнесува 2.462 евра за метар квадратен.

За многумина, очекувано, со оглед на популарноста, има раст во општина Нови Белград. Цената на квадрат во Нов Белград во април изнесувала 2.770 евра за метар квадратен, што е зголемување за 0,04 отсто во однос на претходниот месец.

Растот на квадрати во Нови Сад е забележан само во центарот, цената порасна за 0,11 отсто и изнесува 2.682 евра. Во Ново Насеље метар квадратен поевтинува за 1,48 отсто и изнесува 2.131 евро, додека во Подбара цената е 2.606 евра, што претставува пад на цената на метар квадратен за 1,73 отсто. Во Грбавица има и пад на цената за метар квадратен за 1,46 отсто, цената е 2.624 евра за метар квадратен.

Повеќе детали на Блиц.рс

Промовирани огласи »

Добра вест за граѓаните. Граѓаните досега користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден, но сега има најави дека и денски ќе има евтина струја во период од неколку часа. 

До почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа. Цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден, вели Марко Бислимоски претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Од РКЕ велат дека за прв пат по подолго време на берзите е забележана негативна дневна цена на електричната енергија.

Евтината тарифа на струјата преку ден беше укината во јануари лани поради енергетската криза .

Промовирани огласи »

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за емисијата „Утрински печат“ најави дека од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тромесечје, сега со зголемен лимит од 2.100 денари.


 За прв пат ќе исплатиме 2.100 денари кај сите оние кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден веќе ќе бидат исплатени првите налози. Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тромесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица порача Лукаревска.


 
Осврнувајќи се на партиската активност „Рамо до рамо“ заменик претседателката Лукаревска истакна дека низ средбите со граѓаните, се слуша нивниот глас се ценат нивните коментари и забелешки, со цел да се подобри партиското работење.


 
Со граѓаните разговараме отворено за сите нивни проблеми и потреби, ги слушаме нивните забелешки, добронамерни критики, слушаме што имаме реализирано, што имаме ветено а досега немаме реализирано, затоа и сме со граѓаните за повеќе да слушаме, а помалку да зборуваме и мислам дека до сега има добар одзив порача Лукаревска, најавувајќи дека наскоро СДСМ ќе има и посебна, друга активност, каде ќе се презентираат досегашните реализирани проекти, како и почеток на подготовка на новата програма.

Промовирани огласи »

Стапката на невработеност во март во еврозоната изнесува 6,5 отсто, што е за 0,3 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Евростат. Незначително опадна и невработеноста во однос на февруари кога изнесуваше 6,6 отсто.

Мартовската стапка на невработеност во ЕУ е 6,0 отсто, што е исто како и во февруари, а во однос на истиот месец лани е намалена за 0,2 отсто. Евростат проценува дека 12,9 милиони луѓе во ЕУ биле невработени во март.

Споредено со февруари, во ЕУ во март имало 155.000 невработени помалку, а бројот на невработени во еврозоната е намален за 121.000.

Невработеноста во ЕУ е намалена за 353.000 во ЕУ и за 365.000 во еврозоната во споредба со март 2022 година.

Во март 2,7 милиони млади луѓе на возраст под 25 години биле невработени во ЕУ, од кои 2,2 милиони се во еврозоната. Во март стапката на невработеност кај младите во еврозоната и во ЕУ изнесуваше 14,3 отсто.

Високи стапки на невработеност се забележани во Шпанија – 12,8 отсто, Италија – 7,8 отсто, како и во Франција каде таа изнесува 6,9 отсто.

Невработеноста во Германија беше на многу ниско ниво - 2,8 отсто, а со одлични бројки може да се пофали и Холандија со 3,5 отсто невработени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »