Технологијата денес значително го олеснува пристапот до некои платформи и услуги. „Жртви“ на технологијата досега се неколку сектори, од транспорт, автомобилска индустрија, па се до здравство.
Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, не се противи на промените - тој помогна да се започне тековната трка за вештачка интелигенција со четботот ChatGPT кој, на крајот на краиштата, се заканува да замени многу индустрии - но тој сепак смета дека кога вработените треба да се присутни во канцеларија, стартапите се најефективни кога тие работат заедно.
Извршниот директор на IBM, Арвинд Кришна, оваа недела изјави дека неговата компанија ќе го замрзне вработувањето за улоги за кои мисли дека би можеле да бидат заменети со вештачка интелигенција во наредните години. Тој исто така констатира дека иако можете да бидете продуктивни кога работите од дома, „вашата кариера страда“ ако работите од далечина.
Иако „работата од дома“ изгледа како добар начин на функционирање и работење сепак тоа има некои недостатоци. Лоши придобивки од работењето од дома се:
- Осаменост
- Анксиозност
- Стрес
- Незаменливоста на личниот контакт
Работењето во канцеларија не е совршено, се разбира. Но, не е ниту работењето од дома. Најидеално е веројатно да ги имате и двете како опција – и да може да изберете колку е идеално за вас да работите на двата начина.
Флексибилноста на работа е извонредно нешто, но настојувајте да постигнете најдобар можен баланс. Верувајте, не би сакале еден ден да станете од вашиот компјутер дома и да сфатите колку многу сте пропуштиле во смисла на врски, учење, задоволство или развој во кариерата.