Промовирани огласи »

Компанијата Мета е казнета со рекордни 1,2 милијарди евра од ирската комисија за заштита на податоци, водечката европска агенција која ја регулира работата на компанијата.

Ова е најголемата казна досега изречена според Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) и е епилог на истрагата што трае речиси три години, од август 2020 година.

Компанијата Мета доби рок од шест месеци, почнувајќи од моментот на добивање на решението, да го запре преносот и обработката на податоците на граѓаните на ЕУ кои живеат во Америка. Ова значи дека податоците мора или да се избришат или да се пренесат на складиште во Европа.

Американскиот правен систем не обезбедува доволна заштита на податоците во согласност со стандардите на ЕУ, поради непропорционалниот и неоспорен пристап што го имаат разузнавачките агенции.

Во декември, Комисијата усвои нацрт-одлука за Рамката за приватност на податоците ЕУ-САД, која треба да биде усвоена до крајот на годината за регулирање на трансатлантските трансфери на податоци.

Прашање е дали Мета ќе може да го одложи прекинот на преносот на податоци до стапување на сила на новата рамка. Мета рече дека платформата на Фејсбук во Европа „нема да биде „веднаш засегната од одлуката“, но дека ќе поднесе жалба.

Претходната рекордна казна ја доби Амазон, која изнесуваше 746 милиони евра. Казната од 1,2 милијарди евра што ја доби компанијата Мета е апсолутно најголемата сума изречена како казна според регулативата GDPR.

Основниот судир на законите меѓу американската влада и нејзините правила за пристап до податоците, како и правата за приватност на податоците на Европејците, се во основата на ова прашање. Тоа е конфликт што ниту Мета, ниту која било друга компанија, не можат да го решат независно, се вели во компанијата Мета.

Затоа сме длабоко разочарани бидејќи ние сме единствените погодени од истите правни механизми, додека илјадници други компании обезбедуваат услуги во Европа, се додава во соопштението.

Иако висината на казната е рекордна, тоа не е прва санкција наметната за пренос на податоци во Америка од страна на големи технолошки компании. Минатата година Италија и Франција и се придружија на Австрија во забраната за користење на услугите на Google Analytics. И во април оваа година, австриското регулаторно тело заклучи дека Facebook Pixel го прекршува законот и прописите GDPR.

Промовирани огласи »

Една од најуспешните компании за изнајмување на електрични тротинети во Турција од пред неколку дена се појави и на македонскиот пазар. Имено, на скопјани на располагање им се 500 електрични тротинети паркирани на повеќе локации низ Скопје, од Ѓорче до Ново Лисиче.

Така, едноставно може да изнајмите електричен тротинет кој може да го пребарате со неколку клика од вашиот паметен телефон, да се превезете до посакуваната дестинација и тротинетот да го оставите каде ви одговара низ Скопје, а истиот ќе биде пронајден од компанијата преку ГПС-системот.

Сите изнајмувања и користења согласно правилата се вршат преку мобилната апликација BinBin.

За да се користи електричен тротинет, граѓаните ќе треба да ја симнат апликацијата, за која бар-код има на пунктовите, кои инаку се отстапени од ЈП Градски паркинг. Самата паликација нуди повеќе начини на плаќање.

Цената за изнајмување на тротинет е 9 денари минута, но доколку преку апликацијата ставите средства од 300 денари, добивате плус 45 денари гратис, а доколку ставите 500 денари, добивате плус 100 денари гратис. Така, цената испаѓа околу 7,3 денари за минута возење.

Еве пет конкретни чекори за користење на овие електрични тротинети во Скопје:

1. Ја симнуваш мобилна апликација на телефон

2. Ставаш пари на неа

3. Ја отвораш мапата на самата апликација која покажува каде најблиску имате слободен тротинет на располагање и доаѓаш до истиот

4. Го вклучуваш преку апликацијата и можеш да го возиш во рамки на дозволените граници кои се означени на мапата која ја дава апликацијата, а го опфаќаат скоро целото градско подрачје на Скопје.

5. На крајот го оставаш тротинетот било каде и го исклучуваш од апликацијата која ти наплаќа за возењето. Го фотографираш и ја поставуваш фотографијата на апликацијата.

При пребарувањето на тротинет самата апликација покажува колку батерија имаат и доколку има попуст за некој тротинет.

Навечер од фирмата ги земаат и ги носат или на пунктовите за полнење, или само им поставуваат нови, наполнети батерии и ги оставаат на истото место, па така утредента сите тротинети се одново подготвени за користење.

По само неколку дена од оваа новина во сообраќајот во главниот град јавноста реагира дека тротинетите за кратко време ќе бидат искршени, но можеби и украдени.

Велат не е воопшто евтина варијанта на алтернативен сообраќај, но е одличен начин за „пробно“ возење за оние кои сакаат да си купат електричен тротинет. 

Кога не е вклучен сигналот тротинетот тешко може да се турка и постојано свири. Така што е тешко некој да се осуди да го украде, барем така тврдат од фирмата. Исто така, тротинетот не може да се вози на никаков начин без мобилната апликација, па затоа од BinBin веруваат дека дивјаците кај нас нема да можат да ги земат, префарбаат и продадат или расклопат и фрлат за старо железо, иако јас сум се уште скептичен, го споделува еден скопјанец својот став.

И да им ги кршат им се исплати. За два цели дена возење ги вадат парите за еден  тротинет. Ако е 7.3 ден минута за 24 саати околу 10.500 денари – сума со која може да се купи нов тротинет, коментира друг скопјанец. 

Пред крајот на времето за возење за кое сте платиле добивате сигнал, а потоа пополека се намалува брзината, по што тротинетот го исклучува моторот, сугерира друг скопјанец.

Граѓаните истовремено се исплашени и за безбедноста во сообраќајот во Скопје. 

Треба да се знае дека не е мала бројката на овие превозни средства доколку сите бидат ставени во сообраќај во исто време. Друг проблем е што навечер треба да снимава да се сопнеме од некој оставен тротинет. Друго дали и малолетници може да ги изнајмуваат и да се движат со нив низ скопските прометни улици и булевари, вели една загрижена скопјанка. 

Останува алармот дека дополнително треба да се донесе правилник или закон за користење на тротинет.

Кој може да го вози, правила во сообраќајот, а не да се вози каде се сака, кој сака, со што се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Освен кај нас и во Турција, BinBin веќе се проширил и во уште шест држави во регионот, меѓу кои Хрватска, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Системот за изнајмување на електрични скутери и тротинети за прв пат е воведен во 2017 година во Санта Моника, Калифорнија, САД.

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи објави на фејсбук дека просечната исплатена нето плата по вработен во Република Македонија, според официјалните податоци на Државниот Завод за Статистика за месец март 2023 година, е рекордни 34.925 денари.

Битиќи најави дека ќе продолжи растот на платите на работниците и во наредните месеци.

Оваа влада со носењето на предвидливи и конзистентни економски политики и понатаму ќе овозможи константно зголемување на стандардот на своите граѓани чии плати се очекува да продолжат да раснат 10-20% во наредните неколку месеци. Дополнително креираме нови високо платени работни места, носејќи инвеститори кои воведуваат нови технологии и чии производи и услуги имаат висока додадена вредност, што ја зголемува продуктивноста на целокупната домашна економија, најави Битиќи.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги зголемвуа малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто во однос на одлуката од 15.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,182 отсто, кај дизелот за 1,847 проценти, кај екстра лесното масло за 1,231 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 0,571 проценти - се потенцира во соопштението од регулаторите. Од РКЕ додаваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,072 отсто. 

Од 23.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95                            78,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС - 98                          80,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                           69,00 (денари/литар)
  • Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        67,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС                                                                      39,433 (денари/килограм)
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »