Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи објави на фејсбук дека просечната исплатена нето плата по вработен во Република Македонија, според официјалните податоци на Државниот Завод за Статистика за месец март 2023 година, е рекордни 34.925 денари.

Битиќи најави дека ќе продолжи растот на платите на работниците и во наредните месеци.

Оваа влада со носењето на предвидливи и конзистентни економски политики и понатаму ќе овозможи константно зголемување на стандардот на своите граѓани чии плати се очекува да продолжат да раснат 10-20% во наредните неколку месеци. Дополнително креираме нови високо платени работни места, носејќи инвеститори кои воведуваат нови технологии и чии производи и услуги имаат висока додадена вредност, што ја зголемува продуктивноста на целокупната домашна економија, најави Битиќи.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги зголемвуа малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто во однос на одлуката од 15.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,182 отсто, кај дизелот за 1,847 проценти, кај екстра лесното масло за 1,231 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 0,571 проценти - се потенцира во соопштението од регулаторите. Од РКЕ додаваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,072 отсто. 

Од 23.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95                            78,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС - 98                          80,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                           69,00 (денари/литар)
  • Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        67,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС                                                                      39,433 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Скопски Легури е компанија за феролегури која што сака да ја зацврсти својата позиција во индустријата за феролегури како ефикасен производител и извозник на феролегури.

Моментално вработува:

ДЕЖУРЕН ВОЗАЧ
ПРАВНИК
ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
БРАВАР
ЗАВАРУВАЧ
ЕЛЕКТРИЧАРИ
ОПШТ РАБОТНИК

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Приватните автобуски превозници од утре треба да се вклучат во сообраќај, со што ќе се зголеми бројот на возила во јавниот градски превоз. Со тоа ќе се намали и метежот во нив, а воедно граѓаните повеќе нема да чекаат со часови на автобуските постојки – велат од Град Скопје.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска минатата недела ги потпишала решенијата по огласот за доделување пакет-линии за вклучување на приватните превозници во јавниот градскиот превоз.

 Решенијата се веќе потпишани, правосилноста е веќе настаната и на почетокот на неделава, приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај – најави Арсовска.

Со последниот оглас, кој беше објавен по четврти пат, се бараа превозници за три пакети линии. Во првиот пакет беа опфатени линиите со броевите „23“, „45“, „61“, „63“ и „73“, за чие опслужување се потребни најмалку 35 автобуси и 76 возачи. Вториот пакет се однесува на превоз на линиите „9“, „11“, „11а“, „12“, „47а“ и „55“. За автобусите да може редовно да сообраќаат на овие релации, потребни се 39 автобуси и 83 возачи. Третиот пакет ги опфаќаше линиите „19“, „20“, „22“, „52“ и „54“, за што се бараа вкупно 41 автобус и 87 возачи.

Претходните огласи пропадна, како што велат од Град Скопје, поради нецелосна документација на приватните превозници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »