За компанијата: Скопски Легури е компанија за феролегури која што сака да ја зацврсти својата позиција во индустријата за феролегури како ефикасен производител и извозник на феролегури
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Скопски Легури ДООЕЛ е производител на феролегури. Заради рестартирање на производствениот процес отворени се нови работни места.
Скопски Легури бара ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
- Диплома за завршено високо образование, Електротехнички Факултет насока висок и среден напон;
- Претходно работно искуство на иста или слична позициjа минимум 3 години;
- Познавање на процесот на работа во одделот за електро одржување;
- Познавање на законски прописи во областа на безбедност при експлоатација и изведување на работи за висок, среден и низок напон;
- Познавање на експлоатација, инсталација и пуштање во употреба на индустриска електрична опрема;
- Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности;
- Познавање и активно користење на пишан и говорен англиски јазик ;
- Користење на MS Office пакетот, работа во Auto CAD ќе се смета за предност.
Главни одговорности и обврски:
- Ја организира, контролира и координира работата во одделот за електро одржување ;
- Го организира тековно обезбедување во работна состојба електро комуникации и опрема, одржување, ремонтни работи и отстранувањето на неисправноста на истите;
- Подготовка на барања, буџети за тековно одржување и инвестиции, контрола за нивното извршување;
- Организира тековни ремонти на електро постројките и опремата и инвестициски проекти во дел на електрика;
- Придонесува за оптимално функционирање на процесот, максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално ангажирање за безбедно извршување на задачите;
- Контрола за квалитетно и навремено извршување на обврските од страна на компаниите изведувачи на услугите од електро областа;
- Учествува во прием на електро опрема и материјали при набавка како дел од комисиjата на друштвото.
Компанијата нуди:
Работа со редовно работно време од 40 часа неделно, прва смена, со обезбеден оброк, годишен одмор од 24 работни дена, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на
[најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за Електроинженер, апликациите ќе се прифаќаат до 02.06.2023 година.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.
Слични огласи »