Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги зголемвуа малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто во однос на одлуката од 15.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,182 отсто, кај дизелот за 1,847 проценти, кај екстра лесното масло за 1,231 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 0,571 проценти - се потенцира во соопштението од регулаторите. Од РКЕ додаваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,072 отсто. 

Од 23.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95                            78,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС - 98                          80,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                           69,00 (денари/литар)
  • Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        67,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС                                                                      39,433 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Скопски Легури е компанија за феролегури која што сака да ја зацврсти својата позиција во индустријата за феролегури како ефикасен производител и извозник на феролегури.

Моментално вработува:

ДЕЖУРЕН ВОЗАЧ
ПРАВНИК
ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
БРАВАР
ЗАВАРУВАЧ
ЕЛЕКТРИЧАРИ
ОПШТ РАБОТНИК

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Приватните автобуски превозници од утре треба да се вклучат во сообраќај, со што ќе се зголеми бројот на возила во јавниот градски превоз. Со тоа ќе се намали и метежот во нив, а воедно граѓаните повеќе нема да чекаат со часови на автобуските постојки – велат од Град Скопје.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска минатата недела ги потпишала решенијата по огласот за доделување пакет-линии за вклучување на приватните превозници во јавниот градскиот превоз.

 Решенијата се веќе потпишани, правосилноста е веќе настаната и на почетокот на неделава, приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај – најави Арсовска.

Со последниот оглас, кој беше објавен по четврти пат, се бараа превозници за три пакети линии. Во првиот пакет беа опфатени линиите со броевите „23“, „45“, „61“, „63“ и „73“, за чие опслужување се потребни најмалку 35 автобуси и 76 возачи. Вториот пакет се однесува на превоз на линиите „9“, „11“, „11а“, „12“, „47а“ и „55“. За автобусите да може редовно да сообраќаат на овие релации, потребни се 39 автобуси и 83 возачи. Третиот пакет ги опфаќаше линиите „19“, „20“, „22“, „52“ и „54“, за што се бараа вкупно 41 автобус и 87 возачи.

Претходните огласи пропадна, како што велат од Град Скопје, поради нецелосна документација на приватните превозници.

Промовирани огласи »

Германскиот производител на автомобили поднесе барање за стечај и илјадници клиенти сега се плашат за своите пари.

Германскиот производител на автомобили Sono Motors поднесе барање за стечај. Илјадници клиенти не го добиле возилото за кое платиле, а не се знае кога ќе им бидат вратени парите што ги платиле.

Сегашниот бран банкротства силно ги погодува трговците на мало на обувки и модни производи. Сега и германскиот производител на автомобили мораше да поднесе барање за стечај. Поради ова, илјадници клиенти залудно го чекаат својот автомобил и своите пари, пишуваат германските медиуми. Минхенскиот автомобилски старт-ап Соно Моторс мораше да започне стечајна постапка.

Компанијата првично беше специјализирана за производство на електрични автомобили кои се полнат преку вградени соларни ќелии. Со оваа иновативна технологија, моделот на возилото Sono Sion треба да се истакне како лидер за климатските промени на пазарот на автомобили.

Sono Motors веќе има добиено околу 44.000 пред-нарачки за планираниот автомобил. Новиот автомобил требаше да се појави на пазарот следната година по набавна цена од 30.000 евра. Интересот за соларниот автомобил беше голем, а некои клиенти веќе плаќаа целосно или дел од цената за автомобилот, пред моделот да стане официјално достапен.

Sono Motors #Pleite
Nie was von denen gehört, ihr?https://t.co/CeDMTwf4Lm

— DieLeserin1982 💙🕊️☮️ (@DieLeserin1982) May 19, 2023

Производителот на автомобили преку „crowdfunding“ успеа да собере вкупно 44 милиони евра за производство на моделот Sono Sion. Сепак, втората понуда за финансирање пропадна претходно оваа година, ставајќи го проектот за соларни автомобили во мирување. Компанијата сега сака да се фокусира на автобуси на соларна енергија, приколки со ладилници или автомобили од други производители.

Парите дадени од илјадници клиенти не и помогнаа на компанијата финансиски да работи. Експерт за реструктуирање рече дека компанијата не може сама да ги поврати средствата. Многумина моментално залудно го чекаат ветениот автомобил и сега мораат да се грижат дали ќе си ги вратат парите поради неликвидност. Иако сите добија двегодишен план за отплата, Sono Motors отплати само 1,7 од околу 44 милиони евра до март оваа година.

Извршниот директор на Sono Motors останува оптимист за бизнисот. Компанијата сака да продолжи да ги менува работите на пазарот на возила во иднина. Германските медиуми пишуваат дека се уште не е јасно кога потенцијалните купувачи на Sono Motors ќе го добијат посакуваниот модел на автомобил или пари.

Фото: Принтскрин/Твитер

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »