Цените на горивата од полноќ повторно се зголемија, па така Еуросупер БС-95 чини 78,5 денари, додека Еуросупер БС-98 се продава за цена од 80,5 денари, додека еуродизелот чини 69.00 денари за литар, односно според податоците на „RetailSrbia“ имаме најевтино гориво во регионот.
Зад нас следи Бугарија каде што БС-95 чини 1,30 евра, односно околу 80 денари, додека на третата позиција е Хрватска со цена од 1,32 евра (81,35 денари), па Босна и Херцеговина со цена од 1,34 евра (82,5 денари).
На петто место е Албанија со цена од 1,44 евра за литар, по што следи Црна Гора со цена од 1,49 евра за литар (91,82 денари), па Србија со цена од 1,52 (93,52), додека бензинот БС-95 најскап е во Грција и чини 1,84 евра за литар (113,39 денари).
Дизелот во Македонија чини 1,12 евра (69 денари), додека на второ место е Хрватска со цена од 1,24 евра, па Бугарија со 1,27 евра и Босна и Херцеговина со цена од 1,28 евра за литар. Цената во Црна Гора е 1,33 евра за литар, а во Албанија е 1,44 евра. Грците за литар дизел плаќаат 1,52 евра, а Србите дури 1,58 евра.