Некои работодавци заслужуваат златни медаљи и лојаност до крајот на животот. KARIERA.mk споделува со вас неколку инспиративни менаџери од светот кои не штеделе да ги направат своите вработени најсреќни.
Мотивацијата пред се би сакале да допре и до менаџерите и работодавците во нашата држава и да видиме вакви изненадувања многу брзо и тука.
1. Chatri Sityodtong потроши £ 400,000 и ги испрати своите вработени на одмор на Малдиви.
Основачот на Evolve, , одлучи да им изрази благодарност на своите вработени за зголемување на приходите на компанијата за 30% со овој голем подарок.
Локацијата била чувана во тајност, единствено што неговите вработени сигурно знааеле е дека одат во луксузни апартмани во хотел со 5 ѕвездички негде во светот.
2. Savji Dholakia си поставил цел да им овозможи на своите вработени свои станови и автомобили во рок од 5 години.
Харе Кришна Експорт е огромна индиска корпорација со стотици работници што извезуваат дијаманти, па затоа не е ни чудо што нејзиниот извршен директор има пари за такви гестови. Савџи ги дал првите 1.260 автомобили и 400 станови за своите најпродуктивни вработени во април 2016 година.
Меѓутоа овој великодушен работодавец истовремено, има 21-годишниот син кој го испратил во еден мал рурален град во јужниот дел на земјата за да се здобие со искуство, давајќи му плата од само 7.000 рупии (108 долари).
3. Stefan Sagmeister им дава на своите вработени едногодишно отсуство на секои 7 години.
Овој познат графички дизајнер и сопственик на Sagmeister & Walsh смета дека ако немате таков долг одмор, можете да се откажете како уметник и да го изгубите вашиот потенцијал.
За да ја докаже поентата, Стефан, за време на својот прв одмор, не само што закрепнуваше и патуваше низ светот, туку и излезе со многу нови идеи што потоа ги донесе во наредните 7 години.