Промовирани огласи »

BBC неодамна направи интересно истражување поврзано со нашиот однос кон женски и машки деца, кое ќе не замисли сите.

KARIERA.mk го споделува со вас, за сите да се замислиме како делуваме на децата со стереотипите, кои како возрасни луѓе за жал сите ги имаме во нас.

Промовирани огласи »

Учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне на 4 септември (понеделник), информира денеска Министерството за образование и наука.

Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во Службен весник на Република Македонија.

МОН на сите ученици, наставници и професори им посакува успех во новата учебна година.

Промовирани огласи »

Што претставува TQM? Тоа е нешто без кое не можете да започнете свој успешен бизнис.

Оваа скратеница го носи успехот на секое ниво и кога се спроведува во пракса навистина вродува со плод.

TQM е акроним составен од: TOTAL QUALITY MANAGEMENT

T – Total

Квалитетот е обврска на сите без разлика на кое организациско ниво се наоѓаат и ги содржи сите активности на бизнисот. За добивање на висококвалитетни производи одговорни се сите организациски членови и сите активности кои што се изведуваат во бизнисот.

Кога се зборува за активности не се мисли само на производствени процеси за добивање на готови производи туку и сите други активности како што се исражување и развој, маркетинг, финансии, набавки итн., кoи што индиректно учествуват во добивање на производот или услугата или пак во изведување на бизнисот.

Q – Quality

Kвалитетот на било кој производ или услуга може да биде дефиниран само од купувачот и проблемот на дефинирање на квалитетот е пренесување на идните потреби на потрошувачите во мерливи карактеристики за да може производот или услугата да бидат дизајнирани, произведени и испорачани со цена со која купувачот е задоволен.

Оттука, квалитетот значи исполнување на барањата на купувачите, како на интерни така и на екстерни купувачи. Тој не треба да биде онаков како што самиот претприемач смета дека треба да биде, туку тој треба да биде онаков каков што купувачите го бараат и го очекуваат од бизнисот.

M – Management

Бидејќи квалитетот е обврска на сите тој може и мора да биде управуван. Управувањето се однесува на сите луѓе и процеси кои учествуваат во исполнувањето на барањата на купувачите (обезбедување на квалитет).

Промовирани огласи »

Инстаграм својата услуга Stories започна да ја огласува на огласните паноа во Италија, Германија и САД. Со слоганот „Приказните се насекаде“ на корисниците им се соопштува дека приказните во апликацијата можат да се направат практично од ништо.

Агенцијата Wieden+Kennedy направи кампања која ги поттикнува корисниците на англиски, германски и италијански јазик да креираат приказна од “секоја снимка, секоја фотографија и било што друго.“

Минатата година Instagram изненади со услугата Stories, која повеќе од очигледно ја копираа од Snapchat. За една година, новата услуга стекна многу корисници. Според извештајот на порталот TechCrunch во јуни оваа година забележани се 250 милиони корисници дневно. Според истиот извештај, Instagram имал 700 милиони регистрирани корисници во април оваа година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »