Промовирани огласи »

Овој текст е специјално наменет за сите нас кои скоро половина од денот седиме. Веќе сигурно знаете дека тоа го влошува целокупното здравје и го зголемува ризикот од многу болести.

За да се спротивставите, треба да пронајдете начини да се движите повеќе. Дури и ако не сте спортско лице, не грижете се - има доволно лесни опции за да бидете активни во рамките на работниот ден.

  • Започнете рано наутро

Наместо автомобил или јавен превоз, одете на работа пеш. Или барем движете се 10 минути пеш така што ќе се симнете една или две станици подолу од местото на вашата канцеларија или работа.

  • Користете ги скалите, а не лифтот

Најдете начин да се симнете и да се качите нагоре по  нив неколку пати.

  • Настојувајте да станете почесто од столчето

На секој час е добро да поминувате по 6 минути стоејќи. Ова е тешко да се постигне кога сме зафатени со работа, но барем неколку пати на ден можеме да се обидуваме да го сториме тоа.

  • Користете дел од паузата за ручек за да движите

Земете храна и пропешачете во околината на вашата канцеларија

  • Бидете волонтер за задачи што треба да се извршат надвор од канцеларијата

Наводнување на цвеќињата, носење пошта до некој клиент, пазарување за намирници и основни потрошни материјали - ова ви е шанса да се раздвижите

  • Намерно држете ги работите што често ги користите подалеку од себе

Значи, кога ви треба, мора да застанете за да ги добиете. На пример поместете го скенерот и принтерот подалеку од вашето биро.

Промовирани огласи »

Размислувате до кога ќе останете на вашето работно место?

KARIERA.mk ви ги претставува работните позиции кои сепак нема да бидат заменети заради некои ситни причини.

Оние кои вршат дејности кои ќе бидат за скоро заменети, слободно погледнете на нашиот сајт и аплицирајте со само еден клик на активните огласи кои ги објавуваме секојдневно :)

Промовирани огласи »

Во поново време, нашите e-mail сандачиња се повеќе се полнат со електронска пошта со рекламна содржина.

Можеби во почетоците на виртуелниот свет, овој начин бил навистина успешен во делот на информирање или пак рекламирање, меѓутоа според многу истражувачи во поново време се чини дека ваквиот начин за стигнување до клиенти, некако веќе не е тоа што беше.

KARIERA.mk издвојува неколку причини зошто освен email известувањето или пак рекламирањето треба да посегнете и по некој друг начин на маркетинг:

  • Прво, филтрите на интернет сервис провајдери како Gmail, Yahoo и други кои ги класифицираат пораките во несакани пораки како Junk или Spam.
  • Второ, тука се филтрите на самиот примач на пораката кој се подготвува автоматски и кој обезбедува да бидат прикажани само пораките кои навистина сака да ги прима.
  • Tрето, филтирите кои ги поседува самиот примател при што кога ги скенира добиените пораки веднаш ги брише без отварање пораките кои не сака да ги чита.

Промовирани огласи »

Прославуваме 40.000 прикачени CV и над 1.000 компании во нашата KARIERA.mk мрежа на соработка.

Нема поголема радост од растењето на бројот на апликации и бројот на компании за соработка!

Тимот на KARIERA.mk денес наздрави за одлична соработка со 1.000 компании од регионот кои беа во потрага по квалитетни вработени преку нашиот сајт и 40.000 корисници кои ги прикачија своите CV и аплицираа на нашите огласи!

Не престануваме да броиме, се додека не ја најдеме вистинската работа за тебе!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »