Промовирани огласи »

По една година од воведувањето на мерката за ограничување на трговските маржи, цените на основните прехранбени производи од денеска се формираат по пазарни услови. На првиот ден од одмрзнувањето на маржите нема драстична промена во маркетите, велат граѓаните, кои сепак се жалат на перманентното поскапување на храната во изминатиот период, посебно на млечните производи, но и зеленчукот. Лебот, и денска се продаваше по цена од 33 денари.

МЕШАНО Е НЕШТО ПОСКАПО, НЕШТО НЕ Е. СИРЕЊЕТО Е ПОСКАПО. ОД ВЧЕРА ЗЕЛЕНЧУКОТ Е ПОСКАП, ДОМАТИТЕ 100 ДЕНАРИ СЕ, ЦРЕШИ 150, ПИПЕРКИТЕ 80, ТОА Е МНОГУ, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ДА КУПИ, ВЕЛАТ ГРАЃАНИТЕ.

Граѓаните стравуваат дека допрва претстои поскапување на основните прехранбени производи.

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ, АКО ВЕЛАТ ДЕКА НЕМА ДА ИМА, ЌЕ ИМА, ВЕЛИ БИТОЛЧАНКА.

Владата лани во јуни, како една од антикризните мерки, ја донесе одлуката за змрзнување на трговската маржа на белиот леб, шеќерот, маслото, брашното, јајцата, тестенините и млечните производи. Важноста се продолжуваше во неколку наврати, а од Министерството за економија рекоа дека домашните цени се стабилизирани, но доколку има потреба да се воведе повторно ограничување на трговските маржи тоа ќе се спроведе.

Од Организацијата на потрошувачи предупредија на можни шпекулации од страна на трговците и апелираат надлежните будно да ја следат состојбата и да преземат одредени мерки ако се забележи скок на цените на основните прехранбени производи.

Промовирани огласи »

Само тројца студенти апсолвенти и 36 професори кои им предавале се најдоа на таблото на Факултетот за ветеринарна медицина.

Ова значи дека годинава на Факултетот за Ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дипломирале само тројца студенти.

Фотографијата од таблото стана популарна на социјалните мрежи, а од Факултеот за Канал 5 изјавија дека  фотографијата не ја отсликува реалната состојба со студентите. Велат дека тројцата апсолвенти се студентите кои во генерацијата од 30-ина најдобро напредувале и се нашле на таблото од завршната студиска година.

Промовирани огласи »

Преку проектот „Мој ДДВ“ кај граѓаните за четири години се вратени 6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра, информира директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа со медиумите сподели податоци по повод четиригодишното постоење на проектот мој ДДВ, нагласувајќи дека е поддржан од луѓе на различна возраст. 

Според нивни податоци, регистрирани корисници на мој ДДВ низ годините имало различен број. Па само во 2019 имало 213.055 корисници, во 2020 нови 149.753, следната 2021 нововклучени се 74.668 корисници, додека пак, лани новопријавени се 70.314 корисници. Оваа година, досега се вклучени 31.129 лица, со што вкупно овој период има 538.919 корисници. 

Лукаревска сподели и податоци за исплата на мој ДДВ по години. Така во  третото и четвртото тримесечје во 2019 година биле исплатени 155.344.780 денари, во 2020 година 1.270.015.383 денари, во 2021 година 1.787.906.568 денари, во 2022 година 2.164.342.418 денари и прво тримесечје 2023 година 1.235.036.033  денари.

Според структура на корисници на Мој ДДВ, 293 348 се жени и 245.571 маж. До 18 години се 2.596 лица со вкупно над два милиона скенирани сметки, од 19 до 30 години се 99.749 со над 156 милиони скенирани сметки, од 31 до 50 години се 243.202 корисници со вкупно над 508 милиони скенирани сметки, од 51 до 61 година се 93.673 корисници со вкупно над 203 милиони скенирани сметки и над 61 година се 78.278 корисници со над 150 милиони скенирани сметки. 

Топ 10 градови со граѓани со најмногу скенирани фискални сметки се Штип, Валандово, Кичево, Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија. 

Најмногу скенирани сметки се од ланци маркети и бензински пумпи. 

Лукаревска нагласи дека проектот позитивно се одразува и врз подигнување на даночниот морал, досега биле поднесени 5.632 претставки за неиздадени фискални сметки. Со тоа, посочи, се намалува нелојалната конкуренција и сивата економија. Таа повторно се осврна и на начинот на кој може да се стане дел од овој проект и да се скенираат сметки. Засега, најбројни се корисниците што скенираат сметки, од 31 до 50 години.

Фото: МИА

Промовирани огласи »

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 302 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, шест мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 11 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, 13 мерки за некористење сигурносен појас...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »