Промовирани огласи »

Бизнисот може да биде комплициран потфат, посебно кога станува збор за заработка. Може да имате одлична идеја за бизнис и за тоа како да ја зголемите продажбата, но важно е како ќе управувате со вашите пари. Треба да имате расположлив износ на готовина со кои што ќе може да ги исполните вашите финансиски обврски. Ова е всушност еден циклус на готовина кој што ќе влегува и излегува во вашиот бизнис и вашиот бизнис треба да има навистина добри приходи со цел да не се зголемат трошоците. Сопствениците на бизниси треба да остваруваат постојан профит за да опстои нивниот бизнис.

Еве неколку совети како би можеле да го зголемите вашиот профит:

  • Со зголемување на потенцијални купувачи
  • Со зголемување на конверзија на потенцијални купувачи во вистински купувачи
  • Со зголемување на профитот во моментот на продажбата
  • Со зголемување на број на трансакции во моментот на продажбата
  • Реактивација на минатите купувачи
  • Кратење на трошоците

Профитот претставува целата продажба за одреден период и доколку ги покриете сите трошоци и останете во позитивен износ тогаш имате профит,во спротивно доколку имате негативен износ ќе претрпите загуба. Најчесто профитот е тој што го поттикнува бизнисот а не продажбата,иако продажбата е од суштинско значење за една компанија. Целта на секој бизнис треба да биде тоа да има високи профитни маргини за да може да се заработат повеќе пари. Компаниите нема да останат во бизнисот доколку немаат профит,па кога капиталот ќе заврши најчесто компанијата ги затвара своите врати бидејќи ниту еден бизнис неможе да преживее со вечни загуби. Затоа,профитот претставува витален дел од бизнисот и за него секогаш е потребно финансиско планирање.

Промовирани огласи »

Посилната имиграција е решение за недостигот на квалификувана работна сила во Германија, изјави Моника Шницер, претседателка на Советот на економски експерти на германската влада.

На Германија ѝ требаат 1,5 милиони имигранти годишно за, доколку се одбие огромната емиграција, секоја година да имаме 400.000 нови граѓани и на тој начин да го зачуваме бројот на работници, соопшти експерт од советодавното тело, кое колоквијално е познато како Економски совет. 

Итно ни е потребна култура на добредојде. Ако Интел гради фабрика во Магдебург и има потреба од странски квалификувани работници, тие исто така мора да чувствуваат дека се добредојдени таму, рече Шницерова.

Таа оцени дека во таа насока оди и новиот германски закон за професионален труд. Сепак, според неа, потребно е повеќе, на пример услуги за имигрантите кои нема да им предизвикуваат страв, туку ќе даваат услуги, пренесува dpa.

Не треба да инсистираме странците да зборуваат германски за секоја работа, но треба да се погрижиме вработените во службите за странци да зборуваат англиски, објасни Шницерова.

Пред десет дена, тричлената германска владина коалиција го протурка новиот закон за имиграција на квалификувани работници со мнозинство во Бундестагот. Новина во него е, меѓу другото, таканаречениот систем на шанси, кој се заснова на бодови кои се стекнуваат по различни критериуми.

Тие вклучуваат јазични вештини, работно искуство, возраст и врски со Германија. Во иднина, специјалисти за ИТ технологија ќе можат да доаѓаат во Германија дури и без високо образование, доколку докажат дека ги имаат потребните квалификации.

Советот на економски експерти на германската влада брои пет члена и како владино тело се занимава со анализа на севкупниот економски развој на земјата.

Промовирани огласи »

На четврти јули, Соединетите држави го одбележуваат федералниот празник во чест на Декларацијата за независност.

Она што го одбележува овој празник е усвојувањето на Декларацијата за независност на 4 јули 1776 година, од страна на делегатите од 13-те колонии. На 4-ти, Континенталниот конгрес ја одобри конечната формулација на Декларацијата за независност. Ова е денот кога се слави раѓањето на Соединетите Американски Држави.

4-ти јули е совршено време за дружење и тоа е охрабрено преку паради, градски фестивали и блок забави што се одржуваат речиси во секој град во САД. Забавата е уште поголема во Вашингтон, но 4-ти јули во Филаделфија e нешто посебно! Со оглед на тоа каде е потпишана Декларацијата, градот ги исполнува своите очекувања и организира неверојатна забава. Секоја година, Фили е домаќин на настан наречен Забава на Парквеј каде цел дел од градот е блокиран за да понуди претстави, игри, камиони со храна и активности за целото семејство.

Ниту еден Ден на независноста не е комплетен без огромен огномет. Без разлика дали во помал град или во голема метро област, речиси секоја област е домаќин на огномет. Една од омилените прослави на западниот брег е AmeriFest во Rose Bowl во Пасадена или „Fireworks Spectacular“ на Холивуд Боул. На источниот брег, има огромно шоу во Филаделфија над Музејот на уметност во Филаделфија на Бенџамин Френклин Парквеј. Но, најголемиот во земјата е огнометот на Мејси на четврти јули во Њујорк. Огнометот се лансира од чамците на реката Ист и најдобро се ужива од покривот на Менхетен.

Промовирани огласи »

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните ППроекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

Моментално вработува:

РАКУВАЧ НА БЕТОНСКА ПУМПА
ВОЗАЧ НА КИПЕР
ВОЗАЧ НА ЦИСТЕРНА ЗА ВОДА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »