Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (среда) 2023 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.

Во август има уште еден неработен ден, но само за припадниците на православната вероисповед, а тоа е 28 август (понеделник) кога се одбележува Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Ова се сите неработни денови кои преостануваат.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ: 8 септември (петок), Ден на независноста, 11 октомври (среда), Ден на народното востание, 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Од 2031 година вработените ќе можат да одат во пензија само на 67 години.

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер изјави дека оние кои ќе се пензионираат на 63 години треба да се вработат на краткорочни работни места, јавува Анадолија.

„Има милиони луѓе кои се отворени за пазарот на трудот, но живеат од социјални бенефиции. Треба да ги охрабриме овие луѓе да влезат на пазарот на труд со барем една мини-работа“, рече Линднер.

Тој смета дека треба да се создадат стимулации за луѓето кои сакаат да работат и по 63 години, наместо да се финансираат пензиите.

Линднер исто така ги отфрли предлозите да работи четири дена во неделата.

Дискусиите за четири дена во неделата нема да ни помогнат долгорочно да го финансираме нашето социјално ниво и еколошките стандарди, рече германскиот министер.

Во моментов, старосната граница за пензионирање во Германија е 65 години, но постепено се зголемува на 67 години. Од 2031 година вработените ќе можат да одат во пензија само на 67 години.

За да се пензионирате во земјата, треба да платите најмалку пет години пензиски премии.

Право на пензионирање на 63 години имаат само оние родени пред 1953 година.

Промовирани огласи »

Согласно потпишаните договори, на македонските државјани не им е потребна меѓународна возачка дозвола во осум држави, додека е потребна во сите останати.

Меѓународна возачка дозвола не ви е потребна за Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Косово, Србија, Црна Гора и Шпанија.

За останатите држави, меѓу кои и Грција, е потребен таков документ, а доколку го немате истиот тогаш ќе си платите казна од 200 евра кај нашиот јужен сосед.

Промовирани огласи »

ФЕРАЛ МЕХАНИКА е основана во 2012 година во Скопје. Денес, има привилегија да се поврзе со милиони клиенти со повеќе од 600 производи компанија произведува во хали од 3.000 квадратни метри со повеќе од 100 вработени.

Моментално вработува:

ТИМ ЛИДЕР
ЗАВАРУВАЧ
МОНТЕР НА СТАЛАЖИ
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ИНДУСТРИСКО ПРОИЗВОДСТВО

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »