Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,72% во однос на одлуката од 24.7.2023 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,337 ден/кг и сега ќе изнесува 42,338 ден/кг.

Од 28.7.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин Еуросупер БС – 95 84,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин Еуросупер БС – 98 86,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 42,338 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 4,065% , кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,410% и кај мазутот зголемувањето е за 3,245%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,782 проценти.

Промовирани огласи »

Македонската банкарска асоцијација (MБA) информира дека е надминат проблемот со картичките на Мastercard и Visa.

Граѓаните денеска не можеа да вршат трансакции, ниту да извадат пари од банкомат со картичките, но проблемот веќе е надминат.

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard. Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за терпението и разбирањето, соопшти МБА.

МБА претходно информира дека картичните брендови Visa и MasterCard се недостапни, а граѓаните можат да добијат средства само во експозитурите и филијалите на банките.

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во меѓувреме соопшти дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на споменатите картични брендови.

Промовирани огласи »

Во последниве неколку часови, банкарските картички во голем дел од регионот неработат. Иако официјално нема детални информации, неофицијално велат дека се работи за технички проблем кој се појавил. Банкарските филијали се активни за санирање на проблемот, а сите видови картички од сите банки се засегнати.

Клиентите известуваат за неуспешни обиди за плаќање на различни продавници и побарување на пари преку банкоматите. Проблемот се одразува и на продавачите, бидејќи трансакциите се одбиваат или изминуваат со големо чекање. Официјалните извори најавуваат официјално соопштение од Македонската банкарска асоцијација во најскоро време, за да го расветли проблемот кој го засегна цел регион.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (среда) 2023 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.

Во август има уште еден неработен ден, но само за припадниците на православната вероисповед, а тоа е 28 август (понеделник) кога се одбележува Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Ова се сите неработни денови кои преостануваат.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ: 8 септември (петок), Ден на независноста, 11 октомври (среда), Ден на народното востание, 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »