Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (среда) 2023 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.
Во август има уште еден неработен ден, но само за припадниците на православната вероисповед, а тоа е 28 август (понеделник) кога се одбележува Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
Ова се сите неработни денови кои преостануваат.
![](/uploads/articles/nerabotni-denovi-696x398.jpg)
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ: 8 септември (петок), Ден на независноста, 11 октомври (среда), Ден на народното востание, 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.