Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на Сител Телевизија зборуваше за усогласувањето на пензиите и нивниот раст, состојбата на пензискиот систем, прашањето за минималната пензија и други актуелни прашања во врска со пензиите.

Министерката во врска со денешниот протест на пензионерите истакна дека министерството е отворено е дека секој граѓанин може да се обрати и достави барања до него, како што беше и средбата денеска со претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија во просториите на министерството.

Во врска со линеарното зголемување од 3500 денари на сите пензионери што претставува 220 милиони евра годишно, министерката посочи дека ваквото зголемување ќе ја стави под прашање  стабилноста на фондот.

Не е праведно некој кој работел 30-40 години и исто толку години придонесувал во фондот, да се изедначува со некој кој работел 15 години, рече Тренчевска.

Таа се осврна на новата методологија која во 2022 година беше усвоена и претставува усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Воедно истакна дека методологијата е најреалниот показател за пораст на пензиите. Системско решение со кое пензиите растат на долг рок.

Министерката посочи дека во 2022 година за месеците март, април и мај сите 330.000 пензионери добија финансиска помош од 3000 денари, исто така пензионерите со ниски пензии беа дел од пакетот финансиска поддршка за ранливи категории и им беа исплатени 3000 и 6000 денари во зависност од висината на пензијата.

За само една година и 8 месеци од овој владин состав пензиите пораснаа за 24 отсто. Минималната пензија беше 9000 денари денес е 12.500 денари, тоа е зголемување за 3500 денари. Воспоставивме систем, и кога ја донесовме новата методологија сите беа задоволни. Јасно е кој стои зад организацијата, рече Тренчевска.

Министерката посочи дека се прават напори да се внесат што повеќе лекарства на позитивната листа , а со тоа и се намали издатокот за лекови на пензионерите.

Тренчевска се осврна и на пензискиот систем и дефицитот кој претходно беше направен.

Со добри политики се намалува овој дефицит. Секое едно нереално покачување на пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем. Мора да се води сметка секој пензионер секој месец да добива пензија. И да нема инфлација, ќе има пораст на пензиите согласно порастот на просечната плата, истакна Тренчевска.

Министерката порача дека барањата ќе бидат разгледани и дека заедно со Сојузот на пензионери ќе се разговара за сите отворени  прашања. Бидејќи не се работи за популизам , туку треба да се размислува на системски решенија на долг рок. 

Промовирани огласи »

Ново покачување е евидентирано во маркетите кај млечните производи. Ако пред една недела можеше да се забележи поскапување кај сирењето, кашкавалот од 30-40 денери, оваа седмица почна со повисоки цени до 10-15 денари на истите производи во зависност од производителот.

Според трговците поскапувањето на млечните производи ќе изнесуваат од 5 до 30 денари на секој млечен производ. Покрај основното поскапување, во новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5 проценти.

Така јогуртот кој во одредени маркети до вчера чинеше 72 денари, утрово се продава за 75 денари. Кислото млеко од 30 скокна на 32 денари… Јогуртите кои имаа цена од околу 80 денари пред покачувањето сега се нудат за околу 90 денари, во зависност од производителот и маркетот каде го набавувате.

Кравјиот кашкавал кој досега чинеше околу 500 денари сега ќе чини до 600 денари. Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700 денари, кравјото сирење ќе добие цена околу 400 денари, овчото сирење ќе се продава за повеќе од 500 денари. 

Промовирани огласи »

Ако размислувате да го промовирате вашиот бизнис или да комуницирате со вашите клиенти, тогаш ви треба стратегија за односи со јавноста. Стратегијата за односи со јавноста ќе ви помогне да ја насочите вашата комуникација кон вистинската публика и вистинските публикации во вистинско време.

Еве неколку причини зошто ви е потребна ПР стратегија.

  • Најдете ја вашата целна публика

Кога креирате ПР стратегија, размислете за целната публика која сакате да ја добие вашата порака. Ова е важен чекор за да се осигурате дека вашата порака ќе има најголемо влијание. Без да ја пронајдете вашата целна публика, вашата порака нема да биде примена од вистинските луѓе и вашите ПР активности нема да бидат многу успешни.

  • Најдете ги вашите клучни пораки 

Еден од првите чекори за креирање ПР стратегија е да ги креирате вашите клучни пораки. Клучните пораки се основните точки што сакате вашата целна публика да ги слушне и разбере преку вашите ПР активности.

  • Фокусирајте се на вистинските медиуми

Откако ќе ја одредите вашата целна публика и вашите клучни пораки, сега можете да размислите за тоа со кои публикации и новинари треба да контактирате. Најдобрите публикации се оние што ги чита вашата целна публика. 

  • Одредете ја вашата цел

Важно е секогаш да имате цел за вашите ПР активности. Со одредување на вашата цел ќе имате јасна цел за вашата ПР стратегија и ќе го максимизирате успехот на вашите ПР активности. На пример, вашата цел може да биде да постигнете зголемување од 25 проценти во продажбата за производот X за три месеци.

  • Подобра комуникација

Кога имате ПР стратегија ќе биде полесно да ги пренесете вашите цели и активности. На пример, можете да му кажете на вашиот клиент што точно ќе правите за него и кога.

Промовирани огласи »

Ѕвездите имаат големо влијание на нашиот карактер, но и на степенот на интелигенција кој го имаме. Постојат жени во одредени хороскопски знаци кои се интелигентни и предодредени за успех во животот.

Овен

Уште во детството може да ја препознаете нивната остроумност. Дури си играат со другите деца, ќе ја забележите нивната самодоверба која произлегува од интелигенцијата која ја поседуваат. Кога ќе пораснат, сакаат да управуваат со другите луѓе и тоа ги прави многу среќни, но и добри лидери.

Жените Овни воопшто не се плашат од јавното мислење и не се плашат да размислуваат поинаку од другите. Тие веруваат во себе.

Шкорпија

Жените родени во овој знак ќе ги препознаете по тоа што се разликуваат од сите други жени во хороскопот. Тие се смирени, остроумни и многу мистериозни. Имаат силна интуиција, па не би сакале да ги имате како свои непријатели. Знаат да манипулираат со останатите, но и да го искористат тоа во работата и да постигнат успех каков што замислувале уште откако биле деца.

Јарец

Овие жени се тивки, внимателни и сериозни. Но, и многу снаодливи.

Тие можат лесно да најдат заеднички јазик со кого и да сакаат, ако го сакаат тоа. Успехот им е на дофат на рацете, само ако силно се ангажираат за нешто. Тогаш секогаш успеваат.

Жените Јарци не сакаат конфликти. Тие се упорни, но и многу смирени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »