Промовирани огласи »

Ѕвездите имаат големо влијание на нашиот карактер, но и на степенот на интелигенција кој го имаме. Постојат жени во одредени хороскопски знаци кои се интелигентни и предодредени за успех во животот.

Овен

Уште во детството може да ја препознаете нивната остроумност. Дури си играат со другите деца, ќе ја забележите нивната самодоверба која произлегува од интелигенцијата која ја поседуваат. Кога ќе пораснат, сакаат да управуваат со другите луѓе и тоа ги прави многу среќни, но и добри лидери.

Жените Овни воопшто не се плашат од јавното мислење и не се плашат да размислуваат поинаку од другите. Тие веруваат во себе.

Шкорпија

Жените родени во овој знак ќе ги препознаете по тоа што се разликуваат од сите други жени во хороскопот. Тие се смирени, остроумни и многу мистериозни. Имаат силна интуиција, па не би сакале да ги имате како свои непријатели. Знаат да манипулираат со останатите, но и да го искористат тоа во работата и да постигнат успех каков што замислувале уште откако биле деца.

Јарец

Овие жени се тивки, внимателни и сериозни. Но, и многу снаодливи.

Тие можат лесно да најдат заеднички јазик со кого и да сакаат, ако го сакаат тоа. Успехот им е на дофат на рацете, само ако силно се ангажираат за нешто. Тогаш секогаш успеваат.

Жените Јарци не сакаат конфликти. Тие се упорни, но и многу смирени.

Промовирани огласи »

ГМО (генетски модифицираните организми) станаа втора природа во САД, и предизвикаа бура од негативни реакции поради нивното негативно дејство на човечкиот организам. Но може да ве изненади колку се ГМО навистина опасни и колку од храната која секојдневно ја јадете всушност има генетски модифицирани состојки.

Експертите велат дека 60 до 70 посто од процесираната храна на полиците во супермаркетите содржат генетски модифицирани состојки. Најпознати генетски модифицирани продукти се зрната од соја, лен, памук и маслото од репка. Тоа значи дека многу продукти за исхрана кои содржат пченка, пченица и други сорти житни растенија, како и високо фруктозен житен сируп (вид засладувач), како житариците кои ги јадеме за појадок, „грицките“, и газираните сокови кои секојдневно ги пиеме, храната која содржи соја (меѓу која има и продукти за бебиња), и продуктите со семе од памук и масла од репка најверојатно содржат генетски модифицирани состојки. Тие често се појавуваат и во храната со која се товат животните од кои добиваме месо и други продукти, па индиректно генетски модифицираните клетки го наоѓаат својот пат до нашата трпеза.

Ако овие податоци ве шокираат, податоци на анкета покажуваат дека не сте единствени. Истражувачи кои извршиле анкета во САД дознале дека само 52% од Американците се свесни дека ГМО се продаваат во секоја продавница низ нивната држава, 26% веруваат дека никогаш не ставиле ГМО во уста, а скромни 6% никогаш и не слушнале за ГМО и не знаат што се тие.

Но што всушност претставува генетски модифицираната храна? Дали е безбедно да се јаде? Зошто не е етикетирана, зошто не сме предупредени и не сме свесни што купуваме? Европската унија и САД се трудат да ја „заташкаат“ и да заработат добро на извозот.

Официјалната позиција на ЕУ во однос на ГМО е: Отстранете ја. Претпочитаме органска храна, која е многу поздрава. Ризикот од ГМО за здравјето и околината ги надминува бенефициите. Само мултинационалните биотехнолошки компании ќе имаат бенефиции, ќе доминираат со светската набавка на храна и ќе ги истиснат од бизнисот традиционалните фармери.

Но дали е навистина така?

Ставот на владата на САД: ГМО е безбеден, поиздржлив е во однос на болестите и бубачките кои ги напаѓаат растенијата, и можат да понудат многу за нациите во кои луѓе умираат од глад.

САД е најголем производител на ГМО.

Повеќе од десетина земји низ светот ја прифатија технологијата за нејзиното производство, вклучително Аргентина, Канада, Кина, Австралија, Индија и Мексико.

Кои се штетните ефекти на ГМО?

Терминот генетски модифицирана храна (исто така позната и како биотехнолошка или генетски инженирана храна) се упатува на житни растенија кои биле модификувани во лабораторија за да ги отфрли заканите од болести на растенијата. Експертите велат дека науката, како и обично, не може ништо да гарантира.

Ризици:

  • Храната содржи алергенси и токсини
  • Може да дојде до ненамерна контаминација помеѓу ГМО и храната која не содржи ГМО
  • Отпор на антибиотици
  • Промена на нутритиентите на житните растенија
  • Создавање на „супер“ тревни растенија кои ги зголемуваат ризиците за околината

Бенефиции:

  • Зголемена отпорност на болести и инсекти
  • Толеранција на суша
  • Зголемена набавка на храна во земјите со лоши услови за земјоделство

Дали е регулацијата премногу слаба?

Прашањето дали регулацијата е слаба бидејќи ГМО е нова и ретко присутна појава во помалку развиените земји (односно така мислиме), или пак така им одговара на производителите и водечките индустриски земји, е големо прашање. Во секој случај, треба да се зголеми свесноста и знаењето на јавноста за ризиците кои оваа храна ги носи.

Промовирани огласи »

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата.

Моментално вработува:

БАЗА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ
СОРАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА ПРОДАЖБАТА - АЖУРИРАЊЕ НА КЛИЕНТСКИ СМЕТКИ
СОРАБОТНИК ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА И ИЗВЕШТАИ ЗА КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Пензиите во дијаспората варираат во голема мера и зависат од многу фактори, вклучувајќи ја земјата во која живее, работи, стажот, видот на извршената работа и локалните економски услови. Сепак, податоците покажуваат дека минималните суми за пензионерите во дијаспората не се под 1.000 евра, додека поголемите се и до неколку илјади.

Многу земји имаат различни системи и пензиски шеми, според кои висината на пензијата се пресметува за локалното население како и за странците кои работат таму со години, од кои голем број се и наши граѓани. Иако просечните суми за пензионерите, во споредба со пензиите кај нас, изгледаат како вистинско богатство, во споредба со стандардот на европските земји, тие не даваат голема финансиска сигурност. Тоа го потврдуваат многу неодамнешни штрајкови ширум Европа, каде пензионерите го изразуваат своето незадоволство од поместувањето на лимитите за пензионирање, како и нејзиниот минимален износ.

Пензиите во Франција

На почетокот на годината старосната граница за пензионирање во Франција беше поместена од 62 на 64 години, што предизвика големо незадоволство кај тамошните вработени и предизвика бројни штрајкови и демонстрации. Дотогаш беше една од европските земји каде законската возраст за пензионирање е најниска, а пензиските системи се неспоредливи.

Просечната пензија во оваа земја е околу 961 евро, а во иднина би требало да биде околу 1.200 евра, што е отприлика просекот меѓу земјите на ОЕЦД.

Во Франција, пензискиот систем функционира така што придонесите на оние кои моментално работат ги финансираат оние кои се во пензија. Поединци, исто така, можат доброволно да уплаќаат придонеси во штедните фондови за да ја зголемат нивната евентуална пензија преку државниот систем, но приватни фондови како оние вообичаени во Британија и САД не постојат.

Франција претрпе серија големи пензиски реформи во изминатите 30 години за да одговори на стареењето на населението и влошувањето на финансиската состојба на нејзините фондови.

Пензиите во Германија

Просечната пензија во Германија е 45 отсто од просечната бруто плата, а годинава е околу 1.600 евра. Меѓутоа, во пракса е малку поинаку. За германска пензија од 1.504 евра потребно е да се заработуваат 43.142 евра бруто секоја година во текот на 40 години, пишуваат германските медиуми. Според овие изјави, по сите одбитоци од пензијата од 1.500 евра, на пензионерот му остануваат околу 1.200 евра нето приход .

Старосната пензија во Германија може да се добие најрано на 61 година, во случај да се исполнат дополнителни услови. Што се однесува до редовните услови за пензионирање, во моментов треба да имате 65 години и 11 месеци и за жени и за мажи. Оваа граница од 2012 година секоја година се поместува за еден месец, а целта е до 2031 година да се помести на 67 години.

Пензиите во Австрија

По Германците и Романците, Србите се трета најбројна странска групација во Австрија, покажуваат официјалните податоци на „Статистика Австрија“. Затоа, таму има голем број наши граѓани кои имаат право на пензија, што го потврдуваат и податоците на Институтот за осигурување, бидејќи австриските пензии се третата најбројна група што нашите најстари сограѓани ја добиваат од странство.

Старосната граница за австриската пензија се движи како секаде во светот и се разликува за жените и мажите, а истите права важат и за нашите граѓани кои со години работеле во Австрија и платиле осигурување. Мажите можат да одат во пензија на 65 години, додека жените со 5 години помалку, што треба да се изедначи до 2033 година.

Во Австрија нема утврдена минимална пензија. Дополнителен социјален надомест може да побараат и самци кои добиваат помалку од 1.110 евра, а потоа се смета за минимален износ. Просечната пензија во Австрија сега е близу 1.800 евра за парови, а оваа сума се зголемува од година во година во согласност со другите економски промени.

Пензиите во Швајцарија

Во Швајцарија старосната граница за пензионирање е 65 години за мажи и 64 години за жени. Земјава дозволува и предвремено пензионирање под одредени услови, но и продолжување на работата по старосната граница за пензионирање.

Според официјалните податоци, минималната старосна пензија во Швајцарија за самец моментално изнесува 1.225 швајцарски франци месечно, а максималната пензија е 2.450 франци.

Висината на пензијата зависи од повеќе фактори, особено од годините на плаќање на придонесите на ОАСИ. Право на целосна пензија имаат оние кои во текот на работниот век плаќале придонеси на ОАСИ, а намалена пензија имаат оние кои пропуштиле придонеси. Неплаќањето на придонесите на ОАСИ во текот на една година ја намалува пензијата за околу 2,3 отсто.

Факт е дека во Швајцарија важи правилото дека колку е поголема платата, толку се повисоки придонесите во ОАСИ, а со тоа се зголемува и пензијата. За да се добие максимална пензија, просечниот годишен приход мора да биде најмалку околу 88.200 франци.

Од друга страна, пензијата за брачни парови и парови во регистрирано партнерство е ограничена на 150 отсто од максималната пензија за самци, а моментално изнесува 3.675 франци.

Во Швајцарија старосната граница за пензионирање е 65 години за мажи и 64 години за жени. Можете да аплицирате за предвремена пензија или за пензија по старосната граница за пензионирање доколку планирате да продолжите да работите. Во секој случај, треба навреме да донесете одредени одлуки. Оваа страница објаснува што треба да правите и кога.

Пензиите во Шведска

Возраста за пензионирање во Шведска е 65 години и за мажи и за жени, што е во согласност со светскиот просек, иако е можно да се пензионира на 62 години. Шведскиот пензиски систем се состои од три дела, а јавната пензија од државата е на дното. За повеќето луѓе, професионалната пензија од нивниот работодавец го формира следниот слој, додека секоја приватна пензиска заштеда оди на врвот.

Она што е многу важно во шведскиот пензиски систем е „гарантираната пензија“ која за самци е 7.800 круни или околу 670 евра, додека за оние кои се во брак е околу 600 евра. Просечната пензија во 2022 година во Шведска беше околу 19.800 круни месечно, или 1.700 евра, пред оданочување.

Пензиите во Канада

Минималната возраст за пензионирање во Канада е 65 години. Што се однесува до висината на пензијата, максималниот месечен износ што би можеле да го добиете доколку започнете да добивате пензија на 65 години е 1.306 долари, стои на официјалната веб-страница на Владата на Канада.

Како што е наведено, просечниот месечен износ платен за новата пензија на 65 години во април 2023 година изнесувал 760 долари, а статусот на поединецот го одредува максимумот до кој може да оди.

Минималната пензија во Канада е околу 1.176 канадски долари месечно. Сепак, ова се менува и зависи од многу фактори.

Канадската пензија е достапна за секој кој поминал одреден работен век во оваа земја или наполнил 65 години или повеќе, без оглед на работната историја. Тоа не е програма за која Канаѓаните плаќаат директно, туку е финансирана од општите приходи на Владата на Канада. Service Canada автоматски ги запишува сите канадски граѓани и жители кои ги исполнуваат условите за пензија и испраќа писмо за известување до овие приматели еден месец откако ќе наполнат 64 години.

Бидејќи пензијата во голема мера зависи од тоа колку приходи се остварени во текот на работниот век, најдобро платени работници во Канада се оние кои се вработени во нафтената индустрија, медицината, како и луѓето кои работат на работни места поврзани со телекомуникациите. Од друга страна, најниско платени работници се оние кои работат во продавници за малопродажба.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »