Промовирани огласи »

Инфлацијата паѓа, но минималната кошничка e во постојан раст. Минималната кошничка во август изнесувала 49.345 денари.

Ако во јули годинава минималната кошничка изнесуваше 48.620 денари, минатиот месец таа е поскапена за 725 денари.

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во август годинава му биле потребни 49.345 денари, покажуваат податоците од минималната синдикална кошничка што секој месец ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Зголемувањето на минималната кошничка како што додаваат од ССМ, е најголемо во ставката храна и пијалаци, односно 1,9 отсто. Во државава, веќе има или е во најава поскапувањето на одредени производи. 

foto freepik.com/nomadsoul1

Промовирани огласи »

Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите денес ја одржа првата конститутивна седница.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на членовите на работната група им посака плодна работа и носење на издржани предлог решенија кои ќе бидат презентирани во Владата, а понатаму дадени на усвојување од Собранието.

Многу е важно при носењето на предлог мерките и законското решение за пензиско осигурување или негови измени, да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем и пензиите да продолжат да се исплаќаат навремено и редовно, истакна Тренчевска.

Министерката посочи и дека во фокусот на работата на работната група ќе бидат пензионерите со ниски пензии, особено оние со минимална пензија. Притоа, потенцираше дека ќе се користат анализи и информации подготвени од страните вклучени во работната група, за кои ќе се дискутира, како и дека сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани.

Од страна на претседателката на работната група беше посочено дека, работната група ќе работи интезивно, со средби до два пати во неделата, со цел што поскоро носење на предлог мерки и законски решенија.

Работната група се согласи дека прво ќе се работи на носење на соодветни социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, а потоа ќе се пристапи кон ново законско решение за минимална пензија или измени на постоечкото.

Промовирани огласи »

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов.

Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна србија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи.

Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов.

Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото.

Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи.

Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГРУТАЦИЈА
РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
АВТОЛИМАРИ/МОНТЕРИ - КАРОСЕРИЈА И ПАТОС
СТОЛАРИ
ЕЛЕКТРО ИНСТАЛЕРИ - ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ

Останатите активни работни позиции од Ван Хоол ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »