Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГРУТАЦИЈА
РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
АВТОЛИМАРИ/МОНТЕРИ - КАРОСЕРИЈА И ПАТОС
СТОЛАРИ
ЕЛЕКТРО ИНСТАЛЕРИ - ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ

Останатите активни работни позиции од Ван Хоол ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Евтината тарифа на струјата од 1 декември ќе ја имаат само оние потрошувачи кои имаат „смарт“ броила и оние кои ќе дозволат непречен пристап до броилата за да им се изврши неопходно сетирање на струјомерите, најавија денеска претставници на ЕВН и на Министерството за економија.

Менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски денеска изјави дека ЕВН е при крај со подготовките и дека до 1 декември годинава се ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија во периодто од 13 до 15 часот.

До крајот на декември сите достапни броила ќе бидат сетирани. Дел од броилата се т.н. смарт броила, тие ќе ги смениме дури преку ноќ и веќе од 1 декември околу 200.000 корисници ќе имаат веќе сетирани тарифи, а другите би биле во текот на месецот. Многу ќе зависи од потрошувачите и достапноста на броилата, рече Салтировски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами.

Тој ги замоли граѓаните да им бидат достапни броилата, за како што рече, да можат нивните читачи да ги прочитаат, бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата.

Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата. Сите броила што се достапни ги читаме еднаш месечно и сите тие ќе бидат сетирани, бидејќи тоа оди оптички со еден уред се оди од броило до броило и при читањето софтверот ги сетира како што треба да се сетира, појасни Салтировски.

Нагласи дека во викенд куќи не можеме да се сетира броилото ако куќата е затворена.

Ако луѓето се на работа, а не се дома, а броилото е внатре не можеме да го сетираме. Во Арачиново броилата се надвор и таму со сигурност ќе бидат сетирани затоа што во изминатиов период тој проект е завршен, рече Салтировски.

Министерот Бектеши потсети дека одлуката за воведување на евтина дневна тарифа на електричната енергија ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) кое е независно тело.

Воведувањето на дневна евтина тарифа е поврзано со производството, со капацитетот на ЕСМ за да произведува струја во тие пикови. Согласно анализите кои се направени одлучивме сите заедно евтина дневна тарифа да биде воведена на 1 декември. Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да имаат евтина дневна тарифа од 1 декември да им дозволат пристап на службите на ЕВН до броилата за да можат да интервенираат. Ако броилото не е достапно тоа ќе биде сетирано од наредниот месец, посочи Бектеши.

Промовирани огласи »

Позитивните односи на работното место се составен дел од успехот во кариерата. Кога градите односи на работното место ќе забележите зголемување на продуктивноста и целокупното задоволство од работењето. Односите на работното место се интеракциите што ги имате со вашите колеги. 

Добрите односи на работното место имаат тенденција да ги имаат следниве карактеристики:

  • Доверба: 

Способноста да им верувате на своите соработници и чувството дека можете да се потпрете на нив е важна карактеристика кога градите врски на работното место.

  • Прифаќање:

Прифаќањето и разбирањето на нивната и вашата улога во односите на работното место е важен елемент.

  • Тимска работа: 

Поединците кои работат добро во тимско опкружување, го прават својот фер дел од работата и даваат кредит кога треба, имаат тенденција да за посилни работни односи.

  • Отворена комуникација: 

Отворената комуникација е клучна за секоја врска, вклучително и за работното место. Поттикнувањето отворена комуникација, поставување прашања и запознавање со вашите соработници е еден од првите чекори кон градење на позитивни работни односи.

За градење позитивни односи на работното место е потребно време. Секојдневните работни обврки може да го отежнат наоѓањето време за да комуницирате со другите членови на тимот. Со изнаоѓање време за развој на односите, ќе ви биде полесно да комуницирате и да ги запознаете вашите соработници.

Може да поминете  време со нив на ручек, во текот на првите 10 минути од вашиот работен ден или додека ја напуштате канцеларијата на крајот од денот. Можете дури и да ги искористите првите 10 минути од состанокот да биде време кога сите ќе воспоставите контакт едни со други. Покрај тоа, многу работници излегуваат после работното време или  одат на тимски настани што можат да бидат одлични за градење односи на работното место.

Промовирани огласи »

Се менуваат 9 члена од законот за издавање на лична карта. Собранието денес го усвои предлогот за измените на законот да се носат по скратена постапка, по што комисиите ќе го разгледуваат и ќе биде ставен на гласање пред пратениците.

Со измените се ревидира членот 8 од законот, при што се предвидува дека доколку граѓанинот го промени живеалиштето или податоците од личната карта во тој случај мора во рок од 15 дена да побараат менување на живеалиштето и издавање нова лична карта, а притоа е потребно граѓанинот да приложи документ со кој ја докажува промената.

За продолжување на личната карта отсега граѓаните кои го смениле живеалиштето во полиција ќе мора да носат и имотен лист, а за промена на други податоци соодветен доказ, предвидуваат измените на Законот за лична карта.

Имено, со постојната состојба голем број на граѓани не ја менуваат личната карта иако смениле живеалиште, се до истекот на важечката лична карта. Со ова се оставаше можност и за избегнување на одредени законски обврски, но и непрецизни евиденции за издадени лични карти, кои се водат од страна на Министерството за внатрешни работи.

Со Законот за личната карта е предвидено дека барањето за издавање на лична карта граѓанинот го поднесува лично во МВР според подрачјето на кое граѓанинот има живеалиште. При практичната примена на законот се утврди потребата да им се овозможи на граѓаните барањето да го поднесат во МВР според местото на престојување. При конципирање на ова решение се имаа предвид сè, интересите на граѓаните, но се имаше за цел и заживување на престојувалиштето, како законска категорија – се вели во предлог-измените на Законот за лична карта.

Понатаму, во законот се додава и решение според кое член од семејството може да поднесе барање за издавање на лична карта за лице не може да го поднесе лично од оправдани здравствени причини и при тоа во прилог на барањето треба да достави документ со кој се докажуваат оправданите здравствени причини заради кои барателот не може да дојде лично.

Се воведува и решение во случај кога бездомник за првпат поднесува барање за издавање на лична карта, земањето податоци за биометриските карактеристики за бездомникот се врши во присуство на службено лице од центарот за социјални работи. За бездомник се смета граѓанин кој нема место и адреса на живеење и средства со кои би можел да ја задоволи потребата од домување.

На граѓанин над 65 години живот му се издава лична карта со трајно важење – се вели во предлог-измените. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »