Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Македонија.
Рокот за пријавување на кандидатите, информираат од МО, е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.
Да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни, се условите за пријавување на лицата на јавниот оглас.
Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор, информираат од МО, ќе изнесува над 31.000,00 денари со дополнителни над 10.000,00 денари - средства за станбено обезбедување.
Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини: - по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: [email protected]; - до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.
Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.