Промовирани огласи »

Да се биде успешен честопати значи да учиш од оние кои веќе ги постигнале своите цели. Да се има ментор е неверојатен благослов за еден претприемач, но не секој може да ја најде соодветната личност за тоа.

Ако сè уште не сте го пронашле идеалениот ментор за личен бизнис, еве неколку совети за млади претприемачи кои ќе ви помогнат да започнете:

  • Треба да бидете трпеливи во она што го правите и да бидете флексибилни, за да можете да го реализирате вашиот потенцијал;
  • Треба да бидете инспирирани од успеси и грешки;
  • Ако верувате во вашата идеја, работете на неа;
  • Стекнете искуство во други земји, но запомнете дека е исклучително важно да се вратите дома за поддршка на локалниот деловен екосистем;
  • Ако веќе сте сопственик на деловна активност, понекогаш треба да ги ставите желбите на вашите работници над вашите потреби.

Да се биде успешен претприемач бара многу работа, многу визија и многу упорност. Затоа верувајте во себе и своите замисли и не се откажувајте додека не ја постигнете својата замислена цел.

Промовирани огласи »

На владина седница денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците.

До крај на неделава се очекува да биде завршена анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи, а за непочитување на одлуката за гарантирани цени на дел од прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе затвори неколку маркети.

Министерот за економија Крешник Бекшети рече дека денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци.

За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки– изјави вчера Бектеши.

Со новата мерка на Владата, на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, им е намалена цената за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август годинава.

Следниот месец, како што најави премиерот Димитар Ковачевски ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

Промовирани огласи »

Средствата  од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Законот за данок на солидарност, како што рече вечерва во гостување на ТВ 24, е објавен во Службен весник заедно со Правилникот, а од УЈП има известување на нивната веб страница.

Има соодветно известување и тоа треба да се спроведе. Законската обврска е јасна. Пролонгиран е рокот за доставување на обрасците за седум дена. Законот се однесува на посебен данок и е надвор од даночниот систем, еднократен е и различен од другите давачки кај нас, односно се одредува дека средствата што ќе се соберат од оваа јавна давачка ќе одат само за програма П1 што е во Буџетот за антикризни мерки. Се утврдува точно методологијата на пресметка и не се основа со даночната пријава, туку е посебен документ, појасни Бесими.

Повтори дека ќе има антикризни мерки и оти еден дел се 100 милиони евра од ЕИБ, а за 50 милиони евра во ноември ќе одлучува Банката за развој на Советот на Европа.

Министерот најави дека задутре ќе се објави прв проспект за прва зелена еврообврзница во вредност од 10 милиони евра.

Ќе има зелена обврзница која е во фондот за енергетска ефикасност, во среда ќе се објави проспектот. Наредната недела ќе има аукција за дополнителнни 10 милиони евра за енергетска ефикасност за мали и средни претпријатија. Дополнителни 600 милиони денари даваме за домашни компании за договори што се потпишани во Владата за инвестиции, како и дополнителни 200 милиони денари за странски фирми што инвестираат кај нас и 300 милиони денари во ТИРЗ, најави министерот за финансии.

Промовирани огласи »

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој повеќе од 28 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени.

Моментално вработува:

КАСИЕР/КА - КАРПОШ 2
ПРОДАВАЧ/КА НА ДЕЛИКАТЕС - КАРПОШ 2
ПРОДАВАЧ/КА НА ДЕЛИКАТЕС - ТЦ ЗЕБРА

Сите останати огласи од ТИНЕКС ќе ги најтете тука.

Се уште невработени?! Останатите активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »