Бизнис секторот не очекува проблеми со снабдување на струја во текот на зимата, но околу ценатта се е можно, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Забележува дека војната на европскиот континент меѓу Украина и Русија, како и најавата за затвoрaње на нуклеални центри се причините зошто го имаат овој став.
Проблемите со Русија се останати, значи гасот е многу скап. Многу земји произведуваат струја и на гас, еве слушнав дека се прават ремонти, максимално нашите македонски капацитети да ги искористиме. Но, тие не се доволни и сигурно нема да бидат доволни за целата индустрија, туку само за граѓаните и за малите микро компании. Додека ние сме изложени на цената на берзата на Будимпешта, на Хупекс и таа во овој момент е издржлива. Но, очекувам за време на зимата да биде нешто поголема - вели Димитров.
Посочува дека оние македонски компании кои инвестираа во соларни централи на своите покривни конструкции ќе имаат можност да ги намалат.
Еве ние направивме уште една додатна централа од 200 киловати - вели Димитров.
Во штипскиот и светиниколскиот регион се користат покривните конструкции, но и се бара и земјиште кое е од пониска категорија за поставување на сончеви централи.
Лазар Хаџи Николов од Одделот за урбанизам во Општина Штип вели дека во моментов во Општина Штип во тек се 40 постапки, а градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев за МИА информира дека во Свети Николе има 30 компании, на кои фотоволтаиците се распространети на 50 хектари и произведуваат струја.
Во штипско-светиниколскиот регион ќе се гради најголемата фотоволтаична централа на Балканот. Се очекува за неколку месеци да стартува изградбата, а карактеристично е и што на неа ќе се поставуваат агроволтаици, со цел да се искористи земјиште за производство на храна.
Централата „Стипион„ кој ќе биде со моќност до 400 мегавати ќе се гради во атарите на селата Три Чешми, Врасаково, Криви Дол и Мустафино и ќе се простира на околу 500 хектари земјоделско земиште. Освен во штипската, централата ќе зафаќа дел и од светиниколската општина. Со ова Штип ќе стане пионер во искористењето на обновливите извори на енергија.
Француската инвестиција тешка околу 300 милиони евра е единствен од ваков тип во регионот. Освен што ќе се произведува струја, земјоделците под панелите ќе може да одгледуваат бостан, тикви и крставици.