Избрана е најдобрата држава за живеење во Европа. Станува збор за Шведска која по многу критериуми е пред другите земји.
„Ју-ес њуз“ и „Ворлд репорт“ неодамна објавија листа на најдобрите земји во светот според квалитетот на животот. За рангирање на 87 држави, во соработка со школата „Вартон“ и Универзитетот во Пенсилванија, тие анкетираа над 17.000 луѓе од целиот свет. Земени се предвид фактори како пристапност, пазар на труд, економска стабилност, еднаквост на приходите, политичка стабилност, безбедност, развој на јавното здравство и системот на јавното образование, приврзаност кон семејството.
Шведска е земја во која трошоците за живот се во просек 20,9 отсто пониски отколку во САД, а изнајмувањето стан е 57,5 отсто поевтино.
Шведска е позната по бесплатната здравствена заштита, како и универзитетското образование. Швеѓаните можат да се пофалат и со просечен животен век од 82,8 години. Родителите во Шведска имаат право на 480 дена платено отсуство кога добиваат дете или по посвојување.
10 најдобри земји во светот за квалитетен живот
1. Шведска
2. Норвешка
3. Канада
4. Данска
5. Финска
6. Швајцарија
7. Холандија
8. Австралија
9. Германија
10. Нов Зеланд
Скандинавските земји и претходно добиваа многу пофалби и тие високи се рангирани на листата на среќни нации. Финците неколку години по ред се најсреќни.
foto freepik.com/alexeyzhilkin