Промовирани огласи »

Македонија се најде на 38. место на листата на најбезбедни земји. 

Најбезбедна држава во светот за 2023 година е Исланд. Оваа земја е на врвот на истражувањето секоја година од 2008. Глобалниот индекс на мир (ГПИ) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, кое го креираше Институтот за економија и мир. Исланд е прва земја поради ниската стапка на криминал, но и ниската воена потрошувачка и ниската стапка на меѓународни конфликти. Втора на листата е Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, која напредуваше за пет места од истражувањето лани.
Од Балканот, најдобро рангирана е Словенија на 8. место, Хрватска е 14-та, а Бугарија и Романија се на 30. и 31. место. Зад Македонија се Албанија (40), Црна Гора (45), Грција (60), Босна и Херцеговина (61), Србија (65), Косово (70) и Турција (147).
foto freepik.com/tawatchai07

Промовирани огласи »

Бугарија е на дното на уште една листа во рамките на ЕУ. Во Холандија има најмногу слободни работни места, а најмалку во Бугарија и Романија.

Статистиката на Евростат покажува дека Холандија има највисока стапка на слободни работни места во ЕУ, со 4,7 отсто од вкупните работни места, кои допрва треба да се пополнат. Бугарија и Романија, се со најмала стапка, затоа што забележале само 0,8 отсто од слободните работни места за вториот квартал. 

Стапката на слободни работни места во ЕУ продолжи да расте од 2020 година, кога беа отпуштени многу луѓе за да се намалат трошоците поради пандемијата на коронавирусот. Во претходниот извештај на Европската комисија се вели дека има недостиг на работна сила и недостиг на вештини.

foto freepik.com/senivpetro

Промовирани огласи »

Новите уреди, кои можат да детектираат возила кои брзо се движат во двете насоки, веќе фатија илјадници возачи само во првите неколку дена од пробниот период во југозападниот дел на Велика Британија, поточно Велс.

Пилот проектот доведе до поставување на четири нови камери, по две на секој столб, а 3.280 возачи веќе добија казни за само две недели работа. Веќе се зборува за успехот на овој проект и ширењето на камерите низ Велика Британија.

Како функционира ова (едноставно) решение? На еден столб има две камери и тие се свртени да ги покриваат двата правци на возилото.

Двонасочните камери се опремени и со инфрацрвена технологија, па „блицовите“ не се потребни.

Истражувањата покажаа дека фиксните камери за брзина го намалиле бројот на загинати или сериозно повредени за 50 отсто на патиштата каде што биле поставени низ Обединетото кралство.

Новите камери за откривање брзина ќе ги снимаат и оние возачи кои ненадејно сопираат непосредно пред камерата или забрзуваат откако ќе ја поминат. Камерите се успешно тестирани во Шпанија, а некои предупредуваат дека овие уреди наскоро би можеле да се најдат и на други европски патишта.

Еден радар седи пред фиксна камера за да ги открие возачите кои сопираат, додека вториот мобилен радар, понекогаш повеќе од еден километар зад камерата, ги зема оние возачи кои повторно забрзуваат откако ќе поминат.

Доколку се воведат, овие уреди ќе фатат и казнуваат повеќе возачи кои брзо возат, охрабрувајќи повеќе возачи да се придржуваат до законските ограничувања и да ја подобрат безбедноста на патиштата. Една од четири фатални несреќи е предизвикана од пребрзо возење на патиштата во Велика Британија, рече Гери Дигва, основач на компанијата за камери Road Angel.

Само оваа шокантна статистика треба да ги поттикне возачите да размислат двапати пред да возат со брзина, додаде тој.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто во однос на одлуката од 25.9.2023 година.

Од 29.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  87,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 98  91,00(денари/литар)
  • Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  85,50 (денари/литар)
  • Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  85,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС      48,715 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »