Промовирани огласи »

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА НАБАВКИ
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА НАБАВКИ
ЕКОНОМИСТ ВО СЕКТОР ЗА НАБАВКИ
ДИГАЛКАР
ЛЕАР
ЕЛЕКТРИЧАР

Се уште невработени?! Систе останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Големите спортски тимови кои успеваат имаат една заедничка работа - тимскиот дух. Тимски дух е кога група луѓе навистина се чувствуваат вложени во постигнувањето на целта заедно и се таму за да се поддржуваат едни со други. Восхитувачкиот тимски дух што го имаат многу спортски тимови може да се примени и на работното место.

1. Задолжително ангажирајте ги вистинските луѓе

Ако креирате средина каде тимскиот дух е централен, треба да започнете со процесот на вработување. Кога регрутирате нови членови на тимот, бидете внимателни и поставувајте прашања кои ќе се фокусираат на тоа дали кандидатот е тимски играч или не.

2. Инвестирајте во вградување

Ангажирањето талентирани луѓе е првиот чекор, нивното вклучување и помагањето да се пронајдат е најважниот втор чекор. Ова не е само за помагање на луѓето да дознаат за вашите начини на работа или каков софтвер користите - тоа е многу повеќе од тоа. Вклучувањето е витален начин да им помогнете на луѓето да им посакате добредојде, да им олесните во новата средина, да ги поучите за секојдневните обврски, да ги запознаете со нивниот тим и многу повеќе.

3. Користете работилници

Работилниците кои ги разгледуваат основните вредности на компанијата и зборуваат за градење тим може да бидат одличен начин да се поттикне тимскиот дух. Фокусирајте се на создавање на енергична работилница која ќе поттикне градење тим и поддршка.

4. Споделете пофалби и конструктивни повратни информации

Споделувањето на пофалби и повратни информации нека биде составен дел од дневните и неделните рутини. Користете внатрешна е-пошта или алатки за пораки за да споделите пофалби за достигнувањата и да ги препознаете вашите колеги на јавен начин.

5. Бидете инклузивни

Неверојатно важен начин да се поттикне тимскиот дух е да бидете сигурни дека сите на работното место се чувствуваат вклучени. Да се биде активно инклузивен на работното место може да биде толку едноставно како да се осигурате дека јазикот што го користите е инклузивен за да бидете сигурни дека групните активности се нешто во кое секој може да ужива. Со тоа што сите ќе се чувствуваат вклучени, ова ќе го поттикне тимскиот дух.

6. Потрудете се да организирате социјални настани

На слична нота, секој вид на социјален настан може да биде добар поттик за тимскиот дух. Запомнете дека овие настани не мора да се одржат само на крајот на годината, можете да организирате тимска сесија за поврзување и секоја втора недела.

Поттикнувањето на тимскиот дух може да има неверојатни долгорочни ефекти, вклучително и подобро задржување на вработените и благосостојбата. Со преземање на овие мали чекори ќе бидете на добар пат да создадете силен тим со неверојатен тимски дух. Целта треба да биде да го подобрите вашето работно место и да го подобрите тимот, за да се создатат заеднички цели, да си помагаат еден на друг да ги исполнат индивидуалните цели, да славт победи и да учат од неуспеси.

Промовирани огласи »

Намалување на бројот на вработени во јавниот сектор, преземање на вработени од други институции ако има потреба од нови вработување, но и зголемување на продуктивноста на вработените во државните институции. Претпријатијата што работат со загуба да ги намалат вкупните трошоците за 20 отсто и да го намалат бројот на вработени на неопределено време. 

Ова се само дел од мерките, кои се преточени во Планот за фискална оддржливост и поддршка на економскиот раст, со кои според Министерството за финансии ќе се оптимизираат трошоците и ќе се прават заштеди од страна на буџетските корисници, јавните претпријатија, трговските друштва во државна сопственост, како и локалните самоуправи и локалните јавни претпријатија. Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст е усвоен од Владата на Македонија.

Планот е дел од определбата на Министерството за финансии за постепена фискална консолидација. Содржи конкретни мерки кои преку рационализација, штедење и зголемена наплата на изворни приходи ќе придонесат до намалување на буџетскиот дефицит и долгот, определба која е поставена и со Фискалната стратегија на РС Македонија за период 2024-2028 година - рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Мерките во Планот се структурирани во три групи. Првата група содржи мерки и препораки за намалување на расходите, втората мерки и препораки за подобрување на наплатата на буџетските приходи и третата мерки и препораки за јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост во насока на оптимизација на расходите во работењето и зголемена и подобрена наплата на приходите што се во нивна надлежност.

Мерките и препораките за намалување на расходите се однесуваат на консолидација и рационализација на расходите за плати и надоместоци. Меѓу мерките се рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор, зголемување на ефикасноста и продуктивноста на вработените и рационализација на бројот на работните места заради зајакнување на интитуционалните капацитети за потребите за процесот на преговори со ЕУ. Новите вработувања да се реализираат првенствено преку мобилност и преземање на вработени од други институции во јавниот сектор. 

Консолидација и рационализација на расходите за стоки и услуги предвидено е преку намалување на непродуктивните расходи и поефикасно користење на ресурсите за работа, намалување на потрошувачката на електрична енергија, намалување на расходите за телефони, за репрезентации и реклами, за службени патувања, порестриктивни услови и критериуми за користење на службените возила, како и намалување на расходите за договорни услуги.

Се препорачува рационализација на расходите за субвенции и трансфери, како и мерки за квалитетно и навремено реализирање на капиталните проекти.

Подобрување на наплатата на приходите се очекува да се постигне преку унапредување на даночната регулатива, зајакнување на капацитетите на даночната администрација, унапредена ефикасност на системот за наплата на акцизните приходи, како и зајакнати активности за спречување на даночната евазија и поефикасно детектирање и справување со неформалната економија.

Планот содржи и мерки и препораки кои се однесуваат на трговските душтва во државна сопственост. При тоа се препорачува кај претпријатијата што работат со загуба да ги намалат вкупните трошоците за 20 отсто и да го намалат бројот на вработени на неопределено време. За сите претпријатија се предвидува намалување на расходите за договорни услуги, мерки за зголемена наплата на побарувањата, намалување на расходите за репрезентации, спонзорства, реклами, службени патувања, за набавка на мебел, опрема, како и сведување на минимум на набавка на возила, вклучително и по пат на лизинг. 

Со Планот се препорачува и на единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и другите институции основани од општината, да преземат мерки и активности за консолидација на нивните буџети и финансиски планови, преку зголемена наплата на изворните приходи и намалување на помалку приоритетните расходи.

Планот е поддршка на среднорочната стратешка определба на Министерството за финансии за постепено намалување на буџетскиот дефицит и ставање на расходите во функција на остварување на стратешките приоритети – забрзување на економскиот раст, и исполнување на интегративните процеси на РС Македонија за приклучување во ЕУ.

Промовирани огласи »

Судот, постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот 41-а став 1 во делот „јавно” од Законот за средното образование, информираат од Уставниот суд.

Исто така, по сопствена иницијатива, Судот одлучи да се поведе постапка и за оценување на уставноста на став 3 во делот „јавното“ од истиот член.

Причината за постоење основано сомнение во уставноста на овие делови од одредбите од Законот за средното образование, е што според Судот, со истите се повредува уставниот принцип на еднаквост, на начин што се воспоставува различен третман за учениците во јавните, во однос на учениците во приватните средни училишта при користењето на бесплатен превоз до училиштето, односно се предвидува ова право да го користат само редовните ученици во јавните средни училишта.

Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 41-а став 2 од Законот за средното образование“, се додава во соопштението на Уставниот суд. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »