Промовирани огласи »

Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар Ист Гејт Мол воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар. Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час. Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град.

Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата и тоа на следните локации:
Ниво – 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата Крусел (југ) и Кар бокс (север),
на Ниво – 1 излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците Нептун (југ) и 5Центар (север).

На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички.

Бесплатно паркирање до 3 часа ќе имаат сите купувачи на супермаркетот Тинекс со фискална сметка над 999 денари, фитнес центарот Palestra, пералната за коли Car Wash и авто центарот Motocentar со валидација на билетот во нивните продажни места.

Промовирани огласи »

Скопје, 05.10.2023г. - А1 Македонија трет пат по ред ги отвори вратите за 15 млади таленти кои својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.

A1 WayUp е специјално креирана практикантска програма која овозможува практично учење и стекнување на нови дигитални вештини што секако е дел од кариерниот пат на секој еден член на А1 тимот и кое без сомнеж придонесува кон непрекинат професионален развој настрана од формалното образование. . A1 WayUp почнува и завршува со однапред внимателно испланиран менторски план, но и детален развоен едукативен план за сите членови на генерацијата, со цел практикантите да бележат раст во своите знаења и вештини и да го градат својот кариерен пат во меѓународна компанија како што е А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата.

“Горд сум што A1 WayUp е програма препознена меѓу младите луѓе за што говори и големиот број пријави што пристигнаа на објавениот повик. Во избраните 15 таленти препознавме потенцијал за развој и особено сме среќни што тоа се кандидати кои сакаат да ги покажат своите дигитални вештини стекнати во образовниот процес и кои се подготвени да учат уште повеќе од докажани професионалци во својата област во А1,” изјави Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

A1 WayUp е платена програма за практиканти и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Избраните практиканти,  дел од A1 WayUp ги добиваат истите бенефити во поглед на учење, развој и погодности како и секој еден вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој.

Промовирани огласи »

Од денеска стапува на сила новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто, за голем дел од прехранбените производи.

Како што објави ТВ „Сител“, листата производи брои над илјада артикли. Меѓу нив на списокот кој веќе го добиле трговците се брашното, лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли.

На списокот наоѓаат и џигерот, сладоледот, потоа сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата,  а 10 отсто ДДВ ќе има и за замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

Поскапува и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, потоа чаевите, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините…

Како што е познато, во Собранието деновиве поминаа измените со кои се овозможи примена на нова данопчна стапка на ДДВ од 10 отсто, покрај основната од 18 отсто и повластената од пет отсто.

Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра. 

Промовирани огласи »

Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9 проценти во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11 проценти, објави денеска Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, а во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Македонија Лилјана Ковачева, преходно во изјава за МИА оцени дека кај цените на недвижностите во последните месеци се бележи стабилизација и ќе нема промени подолг период.

На крајот на минатата година по завршувањето на Ковид кризата на пазарот на недвижности значително се зголеми побарувањето. Истовремено, како резултат на воениот судир во Украина и енергетската криза значително се зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, а зголемената побарувачка на пазарот доведе до тоа зголемените цени пазарно да се прифатат. Сепак, според мое мислење, продавачите ги зголемија цените повеќе од што пазарот може да прифати и поради тоа, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Според мене, она што се случува во последните неколку месеци е всушност стабилизација на цените на одредено ниво и престанок на растот што беше забележлив пред тоа и моето мислење е дака подолг период во иднина нема да има промени во цените, изјави Ковачева.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »