Промовирани огласи »

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуваaт за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Промовирани огласи »

Мерките кои ги носи Министерството за економија даваат резултат. Над 55% од граѓаните во дел од спроведените анкети ги поддржуваат антикризните мерки на Владата, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши.

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%.

Промовирани огласи »

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ (5 ИЗВРШИТЕЛИ)
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И НАПЛАТА ВО ТЕТОВО - PËRFAQËSUES PËR SHITJE DHE FATURIM NË TETOVË
СМЕТКОВОДИТЕЛ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Владата на Србија неодамна го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, со кој се предлага избраниот лекар по правило наместо претходните 60 дена, да утврди привремена спреченост за работа до 30 дена и дека после тоа привремената спреченост ја утврдува првостепената лекарска комисија на РФЗО.

Па така, според новиот лекар по општа ординација, тој ќе може да препише боледување до еден месец, наместо два месеци како што беше досега. Од сето ова се изземени пациентите од онкологија, трудниците и неодамна оперираните пациенти, а причина за оваа промена е обидот да се сузбие злоупотребата на боледувањето.

Пациент кој сака да земе боледување доаѓа кај општ лекар кој може да земе боледување најмногу еден месец. Во зависност од здравствената состојба, лекарот ќе одобри колку ќе биде. Ден по истекот на рокот, потребно е или да се заклучи боледувањето или да се оди понатаму на комисија.

Кога ќе истече максималниот рок од еден месец, пациентот кој е на боледување оди во комисијата.

Иако во овој момент не се знае каде ќе се одржи комисијата, се оди во насока да биде во институцијата што го отвора боледувањето.

Проверка на сомнителни дијагнози

Надлежните сметаат дека со дигитализирање на здравствениот систем ќе се спречат голем број злоупотреби. Дека тогаш ќе биде многу појасно кои се пациентите кои често одат на боледување и дали се оправдани, но и кои се лекарите кои постојано ги одобруваат.

Блиц.рс

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »