Промовирани огласи »

Во интервјуто за „360 степени“ на МТВ 1, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето за процесот на замена на личните документи поради уставните измени и во контекст на тоа што ќе се случи со граѓаните кои нема да успеат да ги заменат документите до февруари идната година кога истекува законскиот рок, потенцираше дека во тек е целата постапка на промена на документите и дека врз основа на анализите кои се прават на дневна основа процесот тече со посакуваната динамика.

Ние веќе имаме надминато 1.000.000 граѓани кои што ги замениле своите документи, така што динамиката е силна и во овој период, за одбележување е фактот дека можеби 80% од граѓаните кои живеат во внатрешноста си ги замениле своите лични документи визави граѓаните од Скопје, истакна министерот Спасовски.

Тој дополни дека една причина е бројноста на населението во Скопје, а втора дека можеби жителите на Скопје подоцна се решаваат да ја почнат постапката на закажување за промена на своите документи.

Факт е дека околу 70% од закажаните термини кои што ги имаат граѓаните на телефонскиот број - ги откажуваат, не се појавуваат на тие термини па презакажуваат нови термини, што создава исто така одлагање на целиот тој процес. Меѓутоа, ние веќе подготвуваме еден посебен простор во градот Скопје со инсталирање на нови работни позиции, нови работни станици на кои што ќе можат граѓаните да извршат дактилоскопирање, сликање итн. за новите лични документи. Веќе во наредниве денови ќе бидеме подготвени и ќе можеме да отвориме нови позиции на кои што граѓаните ќе можат дури и без најава да дојдат и да ги менуваат своите документи. Понатаму, работиме заедно со групните домови, дали се тоа домови за стари лица, дали е тоа геријатрија итн. за наши мобилни тимови да одат и на лице место тамо да ги земат сите податоци за промена на личните документи и сметаме дека со ова интензивно темпо кое го имаме сепак ќе дојде до промена на личните документи, односно огромниот број на граѓани тоа право ќе го завршат. Што се однесува до остварувањето на правата на граѓаните, нема да им е ускратено ниту едно право за остварување во државата заради промена на документите, истакна Спасовски.

Промовирани огласи »

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуваaт за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Промовирани огласи »

Мерките кои ги носи Министерството за економија даваат резултат. Над 55% од граѓаните во дел од спроведените анкети ги поддржуваат антикризните мерки на Владата, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши.

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%.

Промовирани огласи »

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ (5 ИЗВРШИТЕЛИ)
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И НАПЛАТА ВО ТЕТОВО - PËRFAQËSUES PËR SHITJE DHE FATURIM NË TETOVË
СМЕТКОВОДИТЕЛ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »