Промовирани огласи »

Цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари поскапуваат од утре, кога стапуваат на сила измените на законот за акцизите. 

За цигарите цената ќе биде за 9 проценти поголема, односно ќе поскапат за 5 денари по кутија. Со измените се очекува во буџетот да влезеат околу 13 милиони евра годишно.

По членот 84 се додава нов член 84-а, кој гласи: Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3,253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Дополнително, на членот 85 се додава нов член 85-а според кој акцзата на пури изнесува 21,73 денари по парче и 9% од малопродажната цена, додека за цигарилосите 10 денари по парче и 9% од малопродажната цена. –се наведува во законските измени.

Дополнително, секој 1 јануари до 2030 година, акцизата на цигарите според најавите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче.

Инаку во изминативе 10 години, кутија цигари се зголемуваше по просечни 5 денари, поради редовното годишно зголемување на акцизата, давачка која ја воведе државата во 2013тата со цел да го дестимулира пушењето. Ова поскапување е дел од мерките за намалување на потрошувачката на тутунски производи и заштита на здравјето на граѓаните. Според анализата на Институтот за јавно здравје во Македонија има околу 700.000 пушачи кои годишно трошат по 5,5 килограми тутун по глава на жител. Речиси половина од населението на 15 до 64 години активно пуши цигари.

Промовирани огласи »

До крајот на годината остануваат уште два неработни дена.

Следниот е 23 октомври што се паѓа споен викенд, а по него следува уште еден споен викенд, односно 8 декември (петок).

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик. 

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.10.2023 година. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,087 ден/кг. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »