Промовирани огласи »

Поставување ЛЕД знаци на места каде што имало сообраќајки во Скопје

ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60%.

Од Град Скопје информираат дека продолжува проектот за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм, на локации каде имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на булеварот „Партизански одреди“ кај „Палма“ и на улицата „Јордан Мијалков“.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фреквентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини, со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот. ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60 проценти, што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи, предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие ЛЕД сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70 отсто, се додава во соопштението.

Во соопштението се додава дека контрастот на клучните информации на ЛEД сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35 проценти.

Како што се посочува, со овој вид сигнализација, функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Промовирани огласи »

Зошто и работните места кои не бараат искуство се тешки да се добијат?

Дали и вие сте се соочиле со слична ситуација?

Работните места кои не бараа искуство беа начин за новите дипломирани студенти да се вработат. Но, многу од фирмите  сега бараат претходно искуство. Како што може да потврди секој кој дипломирал или аплицирал за својата прва работа во последниве години му било побарано претходно искуство за истата.

Одговорот на ова е дека на работниците им треба  повеќе од мотивација или диплома за да се вработат вклучувајќи пракса или привилегии за да го избегнат нормалното конкурирање. Но, не секој има пристап до тие предности. Па со ова работниците пробувааат сами да се снајдат и вработат.

Дали некогаш сте се наште во ваква ситуација кога со вашата диплома не сте можеле да се вработите  бидејќи не сте имале претходно искуство? На крајот, без оглед на се, останува да се трудиме да го добиеме работното место за она кое сме вложиле голем труд.

Промовирани огласи »

Вработување во Котон!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Котон!

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји.

Моментално вработува: 

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - RAMSTORE MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - CITY MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - DIAMOND MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ТЕТОВО

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Котон Магазаџилик Дооел

Промовирани огласи »

Од полноќ поскапува дизелот - ова се новите цени на горивата

Регулаторна ги објави новите цени.

Од вечер на полноќ, горивата ќе се точат по нови цени. Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат.

Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 денари/литар.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лити со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 82,00 ден/лит. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »