Промовирани огласи »

Од вечер на полноќ, горивата ќе се точат по нови цени. Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат.

Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 денари/литар.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лити со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 82,00 ден/лит. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА КНИГОВОДСТВО
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПОРАЧКИ
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
IT МЕНАЏЕР

Ресторанот "Ѕвезден Океан" се наоѓа во срцето на главниот град. На само една минута пешачење од Соборниот храм, позади Домот на градежници ќе го најдете местото што ги крие тајните на здравата исхрана.

Сите огласи од Ѕвезден Океан ќе ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

Моментално вработува:

НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ НА КЛИЕНТИ
ОПЕРАТОР ЗА ТЕЛЕФОНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ СО ПОЗНАВАЊЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛИ СКОПЈЕ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ШТИП

ФАБРИКАТА ФЕЈДОМ во Скопје е се уште организирана како експериментална производствена лента, со 100 вработени и простор од 4,000 квадратни метри, а која произведува околу 6,000 софи годишно.

Моментално вработува:

ТАПЕТАР

Revija Bar & Food е место каде можете подеднакво да уживате во добрата и вкусна храна како и самиот амбиент со добра музика.

Сите огласи од Revija Bar & Food ќе ги најдете ТУКА.

Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДЕЛОВНИ ОДНОСИ СО ПРАВНИ ЛИЦА

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 30 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита.

Моментално вработува:

РАБОТНИК ВО БИФЕ
РТГ ТЕХНИЧАР
ОПШТ ДОКТОР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Петок 13-ти се смета за несреќен ден во западниот свет. Тоа се случува кога 13-тиот ден од месецот во Грегоријанскиот календар паѓа во петок, што се случува најмалку еднаш годишно, но може да се случи и до три пати во истата година.

Се чини дека суеверието се однесува на различни работи, како приказната за последната вечера и распнувањето на Исус во која имало 13 лица присутни во Горната соба. 

Петок 13-ти првпат се споменува во 19-тиот век. Многу малку се знае за потеклото на озлогласеноста на денот. Некои историчари веруваат дека суеверија околу него се појавиле кон крајот на 19 век. Првото документирано споменување на денот може да се најде во биографијата на италијанскиот композитор Џоакино Росини, кој починал на петок 13-ти

Истотака се поистоветува денот како несреќен бидејќи во 1307 година на петок на 13-ти, францускиот крал дал наредба да се уапсат стотици витези Темплари во Франција.

Има многу малку докази кои покажуваат дека петок 13-ти е навистина несреќен ден. Многу студии покажуваат дека петок 13-ти има мало или никакво влијание врз настани како несреќи и природни катастрофи.

Промовирани огласи »

Околу три милиони вработени во државните и јавните служби во Германија би можеле да добијат 10,5 отсто поголема плата или најмалку 500 евра повеќе месечно.

Ова во среда, 11 октомври, го соопштија од германскиот синдикат на вработените во јавниот сектор Ver.di и Здружението на државни службеници.

Синдикатите бараат 10,5 отсто поголема плата или најмалку 500 евра месечно повеќе во опсегот на платите и платите за државниот јавен сервис. Зголемувањето на платите би се однесувало на вработените во јавните установи, градинките, училиштата, универзитетите, јавниот превоз, вработените во комуналните претпријатија, во судството, во финансиските и даночните канцеларии, болниците...

Чираците, практикантите, студентите и привремените работници треба да добијат 200 евра повеќе од тековните месечни примања, а практикантите да се примаат на неограничено време. Времетраењето на колективниот договор треба да биде дванаесет месеци, пишува Феникс-магазин.

Низ државата има 300.000 слободни работни места во јавниот сектор. Во исто време, вработените во јавниот сектор не се добро платени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »