Соработник за поддршка на книговодство

За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани... повеќе за компанијата »

Триглав Осигурување АД, Скопје Ве поканува да аплицирате на огласот за вработување за работното место:

Соработник за поддршка на книговодство

НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:

Динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал.
Работа во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на Групацијата.
Можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

Изработка на благајнички извештај;
Подготовка на пропратна документација за уплата на дневен промет;
Прием на готовина, слипови и останата документација, согласно законската регулатива;
Ажурно вршење на едноставни административни и рекламациски постапки.

ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:

Средно образование од економска струка;
Солидно познавање на Microsoft Office;
Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
Подготвеност за континуирано стручно усовршување.

ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:

Без работно искуство, но ќе се смета за предност искуство во соодветната област.

Со цел вашата апликација соодветно да помине низ нашиот систем и да биде земена предвид при процесот на селекција, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог, не подоцна од 30.10.2023:

http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000Vj4Qq

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »