Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
Специјалист за грижа на корисници
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Навремена и ефикасна телефонска услуга за корисници во контакт центар
- Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
- Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите
- Анализа на ризик и одобрување на кредити
- Нудење можност за продолжување на рок за отплата
- Постапување по потреби на корисници
На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор за електронско кредитирање.
Профил на кандидат:
- Задолжително искуство во контакт центар од најмалку 1 година
- Познавање на англиски јазик и MS Office
- Вештини за преговарање и убедување
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
- Флексибилност за работа во две смени во работно време 08.00-19.00, понеделник-сабота
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.