Промовирани огласи »

Магдалена е регрутер кој повеќе од 2 години е дел од тимот за регрутација во Transcom. Како дипломиран преведувач по италијански јазик и студент на постдипломски студии на програмата за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, таа има повеќе од 6 години искуство во областа на БПО индустријата на различни проекти поврзани со корисничка поддршка и продажба. Нејзината пасија, знаење и претходно искуство во овој сектор, моментално ги негува и применува преку својата работа како регрутер во Transcom.

1. Кажете ни малку повеќе за Transcom, кога е основана во Македонија, колку вработени брои во моментов, какви работни позиции имате?

Transcom e шведска компанијa која се истакнува како глобален лидер во светот на БПО индустријата, нудејќи услуги за подобрување на корисничкото искуство преку спој на иновативна технологија и човечки талент. Со преку 30.000 вработени во повеќе од 33 земји ширум светот, Transcom е успешен соработник на најмалку 300 реномирани интернационални клиенти. Во нашата земја, со оперативно работење Transcom започнува во 2021-та година а претставништвото денес, по само 2 и пол години има дури 5 канцеларии (три во Скопје, една во Охрид и една во Тетово) и брои над 300 вработени кои работат на различни работни позиции: од специјалисти за корисничка и техничка поддршка па сè до продажба и маркетинг, на различни странски јазици - германски, холандски, германски јазик со швајцарски дијалект, француски, италијански, шведски и англиски јазик.

2. Кажете ни нешто повеќе за вашата улога како регрутер во Transcom, со што се соочувате секојдневно и како изгледа вашиот работен ден?

Моето патување со Transcom го започнав на самиот почеток на неговото работење тука, веќе речиси две и пол години, и секој ден досега е уникатно искуство. Во тимот сум заедно со моите колешки Анастасија Блажевска и Бисера Бозаревска Мирчевска со кои, на дневна основа, навигираме низ разновидни задачи, од пишување огласи, привлекување на кандидати и прелиминарни селекции па сè до интервјуирање и соработка со нашиот локален и регионален менаџмент тим. Разновидноста на обврски и постојаното менување на трендовите во индустријата ја прави нашата работа динамична но во тој брз свет на регрутација она што најмногу ме исполнува е можноста да комуницирам со поединци со уникатни приказни, различни позадини, квалификации и вештини а моја одговорност е да го спојам нивниот талент со нашите работни позиции.

3. Можете ли да ни го објасните процесот на регрутација во Transcom, на кратко како изгледа процесот од интервју до прв ден на работа?

Процесот обично започнува со телефонски разговор со кандидатите за да им дадеме повеќе детали за работната позиција но и да дознаеме нешто за нив. Потоа спроведуваме online интервју за процена на јазичното ниво и IT вештините. Успешните кандидати преминуваат во следната фаза која е најкарактеристична за нашиот процес на регрутирање - Денот на кандидатот, кога кандидатите доаѓаат во нашите канцеларии и имаат можност од прва рака да видат што ги очекува: пријатна работна атмосфера, транспарентност, прифатеност од самиот почеток. За време на оваа средба, тие можат и да поразговараат со нивниот иден Тим лидер и колеги и директно од нив да добијат одговор за сè што ги интересира. Она што го издвојува нашиот процес на регрутирање е акцентот што го ставаме на транспарентноста и пријателскиот пристап од моментот кога кандидатот ќе се пријави. Веруваме дека пријатното искуство на кандидатот придонесува за обостран успех: како за кандидатот така и за нас. Па така, на крајот, успешните кандидати добиваат понуда за работа и следува потпишување на договорите за работа и комуницирањето на деталите во врска со нивниот прв ден на работа. 

4. Што може да очекуваат апликантите на интервјуто?

Како регрутери, свесни сме дека интервјуата чесно знаат да бидат застрашувачки искуства или пак сосема непознат терен, особено за оние кандидати кои прв пат аплицираат за работа или пак, оние кои на пример, никогаш досега не правеле јазично интервју. Поаѓајќи од тоа сознание, заедно со колешките, го подготвуваме секој кандидат индивидуално, им кажуваме што да очекуваат, каков ќе биде форматот на интервјуто, какви прашања отприлика би можеле да добијат, колку долго ќе трае интервјуто, дали покрај усната евалуација ќе има и писмен тест итн. Нашата цел е да ги охрабриме кандидатите, помагајќи им добро да се подготват и да се чувствуваат пријатно, сигурно, самоуверено за време на интервјуата со цел да можат да го дадат најдоброто од себе. 

5. Кои се бенефициите за вработените во Transcom, зошто би ги повикале да работат со вас?

Како мултинационална компанија, Transcom навистина има многу да понуди: почнувајќи од конкурентните плати, разновидните бонуси (бонуси за добредојде, добри перформанси, редовност, препораки на пријател), приватно здравствено осигурување, платени патни трошкови за оние кои живеат во градови каде што сè уште немаме канцеларии, платен тренинг со сертифицирани тренери, континуирани обуки за постојан развој, пристап за сите до компаниската платформа за учење и стекнување нови вештини, модерни канцеларии на лесно достапни локации опремени со најнова технологија. Но не само тоа: како компанија која е силно посветена на благосостојбата на своите вработени Тranscom интензивно се грижи за одржување на пријатна работна атмосфера и тимски дух преку организирање на бројни настани како забави од затворен и отворен тип, тим-билдинзи, спортски турнири, одбележување на меѓународни денови со интересни активности но и редовно наградување со интересни подароци на „Транскомовците“ кои ги демонстрираат вредностите на компанијата во секојдневното работење.  

6. Каква е работната средина во Transcom? Како се стимулира тимската работа и колективната одговорност и како тоа помага во задржувањето на талентите?

Работната средина во Transcom е динамична, позитивна и придвижена од главните вредности кои ги негуваме како компанија: се поддржуваме едни со други, ги одржуваме нашите ветувања, инклузивни сме, работиме тимски и не престануваме да учиме. 

Во Transcom, сè почнува од тимската работа и колективната одговорност и тоа ни помага да ги постигнеме нашите цели заедно, правејќи секој да се чувствува ценет за она што го придонесува. Ваквиот фокус ги задржува нашите талентирани луѓе со нас на долг рок бидејќи, кога се чувствуваш како дел од заедница која те поддржува, те поттикнува, те прифаќа, те почитува, ти се посветува во секој поглед и е благодарна што си дел од неа, веројатноста да бидеш задоволен, исполнет со работата и да сакаш да останеш е навистина голема. 

7. Коj може да аплицира на работните позиции во вашата компанија и кои квалификации или критериуми обично се потребни за да се земат в предвид кандидатите?

Во Transcom не познаваме лимити и луѓе од сите возрасни граници се добредојдени да аплицираат. Впрочем, убавината на нашата индустрија се крие токму во фактот што секој кој зборува одреден јазик може да најде соодветна работа за себе. Покрај јазичните познавања кои се задолжителни, од кандидатите се бара да имаат и основно познавање од работа на компјутери, кое понатаму нашите сертифицирани тренери го усовршуваат за време на периодот на обука. Дополнително на тоа, огромно значење придаваме и на културното вклопување. Ова значи дека кандидатите треба да бидат комуникативни, да поседуваат емпатија, да бидат искрени, тимски играчи, отворени за учење и инклузивни согласно главните вредности на Transcom, што е од клучно значење за одржување на здрава работна средина, поттикнување на соработка и градење на просперитетна кариера.

8. Кои се следните планови на компанијата, дали веќе имате план како ќе изгледа 2024-та во доменот на регрутации во вашата компанија?

Нашата визија за иднина е фокусирана на континуиран раст во Северна Македонија, со оглед на огромниот потенцијал што го гледаме тука. Активно планираме воведување на нови проекти а со тоа, и создавање нови можности за работа, осигурувајќи се дека кај нас, ќе има нешто соодветно за секој. Оваа експанзија секако, нема да биде ограничена само на нашите локации во Скопје, туку подеднакво сме посветени на проширување на нашите операции и во Тетово и Охрид, и воопшто на ниво на цела земја, со цел да се поврземе со таленти од различни региони. Покрај тоа, работиме и на подобрување на бенефитите што ги нудиме. Сакаме да покажеме дека не сме само одличен работодавец во моментов, туку и дека континуирано работиме да станеме уште подобри. Значи, во однос на доменот на регрутирање, планираме 2024-тата година да биде година на раст и позитивни промени, и навистина сме возбудени заеднички да го реализираме тоа. 

Промовирани огласи »

И покрај високата инфлација, Германците не се откажуваат од штедењето. Според податоците на Федералното биро за статистика, лани во просек заштедиле 11,1 отсто од приходите, значително повеќе од другите земји во странство.

На пример, стапката на штедење во Италија била само 2,1 отсто, во САД 3,7 отсто, во Јапонија 5,4 и во Австрија 8,8 отсто. Само неколку земји имаат повисока стапка на штедење од Германија, а тоа се Холандија (12,7 отсто) и Швајцарија, која е и лидер во штедењето со стапка од 18,4 отсто.

Во првата половина од годината стапката на штедење во Германија благо порасна на 11,3 отсто. Тоа значи дека домаќинствата заштедиле околу 11,30 евра на секои 100 евра приход. Тоа одговара на просечно 260 евра по жител месечно, пренесува Globeecho.

Сепак, статистичарите посочуваат дека постојат големи разлики меѓу домаќинствата: во зависност од нивото на приход, животната состојба и индивидуалната тенденција за штедење.

Додека некои домаќинства успеваат да остават значителна сума пари настрана, други немаат што да заштедат на крајот на месецот. Што веројатно се влошува со континуираниот раст на цените на секојдневните производи - објаснуваат експертите.

Добивките или загубите од акциите и промените на вредноста на недвижностите не се земаат предвид бидејќи не настанале од остварениот приход.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи е во завршна фаза за средување на пункт, кој треба да се стави во функција за издавање на лични документи.

До сабота треба да завршат сите подготовки на просторијата за да почнат со работа вработените, а граѓаните да бидат услужени, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој одговараше на новинарски прашање, вчера по отворањето на нов објект за форензички испитувања во МВР.

Очекувам веќе од сабота или од понеделник, во зависност како ќе бидат подготвени, да можеме да го ставиме објектот во функција, со тоа што се подготвуваме да направиме две смени во самиот објект и на некој начин да имаме добра динамика за граѓаните. Така да од една страна сите групни домови, старски домови е дадена можност да се пријават и во неколку од нив се завршени комплетно со земање на податоци за издавањето на новите лични документи, изјави Спасовски.

Тој најави дека во следниот период ќе имаат таргетирани групи и граѓни, кои ќе можат да ги сменат личните документи.

Спасовски очекува до крајот на годината или почетокот на јануари во сите објекти, во кои може да се заменуваат податоци да бидат завршени.

Промовирани огласи »

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека граѓаните ќе можат да ги добијат парите за фискалните купони скенирани во текот на месеците јули, август и септември во месец ноември.

Ве известуваме дека плаќањето од „Мој ДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на календарскиот квартал во кој е издадена фискалната сметка.

За третиот квартал (јули, август, септември) 2023 година исплатата ќе се изврши во ноември.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »